Блог

динешното, 13-то издание на „Саемот за градежништво“ завршува денес, а компанијата „Elena Luka Home“ одлучи на последниот ден да ги изненади посетителите и купувачите на нивниот штанд.

Како што и претходно беше најавено, со секој купен билет за саемот, посетителите имаа можност да добијат 3Д проект изготвен од архитектите на компанијата, по потребите на клиентот.

Среќата да добие еден таков бесплатен проект за својот дом ја послужи  Габриела Спиркоска од Скопје.

Покрај тоа, и сите клиенти што за време на саемот купија стан од „Elena Luka Home“ исто така добија бесплатен 3Д идеен проект за нивниот дом.

Фокусирани на задоволување на барањата на младите брачни парови во однос на решавањето на станбеното прашање, тимот на градежната компанија во рамки на овие пет дена овозможи специјални понуди  на станови:

•Станови со 1 спална – двособни – од 1. до поткровје: од 43 – 46 м2: 950 € / м2 + 5% ддв
•Станови со 2 спални – трособни-приземје: од 56 – 72 м2: 857 € / м2 + 5% ддв
•Станови со 2 спални – трособни -: од 52 – 76 м2, ексклузивна саемска цена: 950 € / м2 + 5% ддв
•Станови со 3 спални – четирисобни: 89 м2, ексклузивен саемски пакет: гратис паркинг место, цена: 950 € / м2 + 5% ддв

Поволностите беа препознаени од посетителите, што резултираше со голема посетеност и интерес на штандот на „Elena Luka Home“, една од 100-те компании што се претставија на саемот годинава.

Ова е второ учество на „Elena Luka Home“ на саемот, а оваа година посетителите имаа можност да се информираат околу изградбата, можностите и квалитетот на втората зграда во комплексот кој се наоѓа во населбата Аеродром, El Home – Eco Home, а во најава е и уште еден објект во рамки на истиот комплекс.

Од тимот истакнуваат дека и по завршувањето на саемот, тие се постојано достапни за сите заинтересирани клиенти.

Инаку, во рамки на 13-от Меѓународен саем за градежништво, се одржа и шестото издание на Саемот за недвижности и инвестиции „Realexpo“, па сите што се упатија во „Метрополис Арената“ во овие пет дена имаа можност да ги добијат сите информации поврзани со создавање и опремување на дом.

Author: elenalukahome