Блог

Првата жена која добила Прицкерова награда за архитектура, познатата британско-ирска архитектка Заха Хадид вчера почина на 65 години, соопшти нејзината компанија.

 

„Со огромна жалење компанијата Заха Хадид архитектс потврдува дека Дамата Заха Хадид неочекувано почина во Мајами во раните утрински часови“, се навело во соопштението. Како што додаваат, Хадид на почетокот на неделава добила бронхитис по што била сместена во болница каде за време на лекувањето доживеала срцев напад, пренесува Ројтерс.

Таа е родена и израсната во Багдад. Студирала математика на Американскиот универзитет во Бејрут пред да се запише на познатата школа за архитектура во Лондон во 1972-та година. Работела со иновативниот холандски архитект Рем Колхаус по што во 1979-та во Лондон ја основала компанијата Заха Хадид архитектс.

ZahaHadid-106423266-582x393

Хадид дизајнирала згради ширум светот, фабриката на BMW во Лајпциг, операта во кинескиот Гуанжу, Националниот музеј на уметноста на 21-от век во Рим, Центар Хајдар Алијев  во Азербејџан.

Жалење за смртта на Заха Хадид изразил градоначалникот на Лондон Борис Џонсон кој на Твитер напишал „таа беше инспирација и нејзиното наследство ќе остане да живее во прекрасните објекти ширум светот“, пренесуваат агенциите.

Author: Небојша Антиќ
За првпат почнав да се занимавам со новинарство како уредник на порталот Mnogoo.mk. Студиите по внатрешен дизајн ме направија стручен во полето на архитектирата и ентериерот. Блискоста со клучните луѓе од оваа фела кај нас и во светот ми овозможија пласирање на информации од прва рака. На Elena Luka Home ќе се обидам да ја прикажам стилската но и корисната страна на архитектурата каква до сега не сте ја запознале.