Блог

Доколку живеете во стан, а сте љубител на кучиња, веројатно дека приоритет ќе ви бидат кучињата со помал раст, иако секогаш постојат исклучоци. Всушност кој не сака мало куче со кое можете да одите  на долги прошетки низ големиот град по напорната работа и тоа да ви помогне да го оттргнете стресот?

„Elena Luka Home” ќе ви предложи неколку раси на кучиња кои ќе можете да ги чувате во вашиот стан, а притоа да му ги овозможите сите беспрекорни услови. Ова се петте типови на кучиња кои ќе бидат погодни за вашиот дом:

 

  1. Пекинезер

Овие слатки суштества се од Кинеското кралство, имаат убава историска приказна. Гладни се за внимание и се во постојана потрага за вашата љубов. Нивното кралско столче е вашата прегратка и лесните прошетки во приквечерието. Кога не сте присутни во вашиот дом, сакааат да седат на вашето омилено столче или пак да ве чекаат на креветот. Знаат да бидат чувари и да ве изненадат со нивната чуварска способност чиниш се работи за голем пес но, сепак тие би добиле повеќе внимание од вас отколку да седат на кралското столче. Не се секогаш расположени за мали деца, но секако постојат исклучоци.

pekingese-pekingese-puppy-breed

  1. Јоркширски териер

Овие мали кутриња кои тежат само 3 или 4 килограми, се многу пријателски расположени и многу слатки во исто време, што значи дека тие се многу среќни животинки и можете да ги земете со вас (Да, можете да ги ставете и во торба). Само запомнете дека овој териер бара огромно внимание и доколку работите многу, овој териер можеби и не е за вас.

haihungchuottonhuchoxamchiemsanvuon_1

  1. Англиски мастиф

На другата страна од јоркширскиот териер е големиот англиски мастиф. Можеби овој нежен џин нема да изгледа како правилниот избор за вас. Сепак, ова „кутренце“ има умерено ниво на енергија што значи дека е добар за живот во стан но, сепак е потребно да му давате внимание и шетање секој ден. Ова е поради неговите зглобови. Во „Elena Luka Home“ поседуваме големи лифтови со кои можете да го пренесете вашиот миленик безбедно. За овој нежен џин потребно е да имате бескраен извор на крпи бидејќи овој вид испушта премногу лиги.

bullmastiff-5

  1. Шиба Ину

Ова куче доаѓа од Јапонија и било употребувано за лов на мали птици и животни. Тој исто така, како што покажува неговиот изглед, поседува и смиреност на мачка околу вашиот стан. На Шиба Ину не им е потребно многу шетање но, тие се многу тешки за тренирање, особено за сопствениците кои не чувале кучиња досега. Доколку ги тренирате доволно, тие се адаптираат многу лесно доколку се селите или патувате често.

nana_1

  1. Ши Цу

Неговото име значи „крал  лав“ но, нема ништо „бесно“ во овој вид на кучиња. Ши Цу е повеќе љубовник отколку ловец. Тој е создаден за придружник, достоинствен, мирен, кроток и вистински избор ако имате дечиња. Ова куче е многу приврзано, среќно и не сака ништо помалку отколку да ги следи луѓето од соба до соба.

shih-tzu-on-the-grass-1680x1260

Author: elenalukahome