Блог

Љубителите на морето, океанот, убавината на синилото и свежната во текот на целата година можат да го задржат ова чувство во својот стан. Тоа не е само сина боја, туку детаљи кои го прават домот поразлично и поубаво место за живот.

nas-okean (1)

Океанот е голема инспирација одсекогаш. Од уметниците во далечното минато, до денешните дизајнери, моќните пространства прекриени со вода и бранови истовремено ги возбудуваат и смируваат многумина. Токму тоа е една од причините што многу светски дизајнери за уредување на ентериер се обидуваат со вистинските палети на бои и одговарачки детаљи да креираат чувство на присутност на морето во становите ширум светот

mix

Форма и убавина на деталите

Она што подразбира детаљи поврзани за океан и морски длабочини се секако школките. Школки како свеќници или вази украсени со нив, кутии за накит, разни форми како срце од ситни школки и предмети како што се макети на бродови, го освежуваат домот. Постојат многу аспекити на кои е возможно да се фокусираме, но најважен е оној кон кој ве води личното чувство.

Често овие детали се носат од годишниот одмор, како спомени да посетените места, па може да се каже дека комотното се спојува со корисното.

s3

Шема на бои и акценти

Сите нијанси на сина во комбинација со бела или некои темни тонови можат да произведат ефект на море. Ова е најсигурниот начин „aqua“ моментите да заблескаат во полн сјај. Големите контрасти на сино – бела можат да бидат употребени како бранови, корални гребени, морски алги, дрва и сл.

Акцентите во вид на садови, чајници, завеси, лустери, теписи или перничиња со морски детали се неизбежни доколку се следи овој стил.

Тапетите и фототапетите во спалната или детска соба ќе го оживеат океанот лесно и едноставно. Овој стил се препорачува посебно за момчињата кои би биле воодушевени од морнарскиот ентериер, пирати или ловци на богатства.

Свежа вибрација на просторот

Свежата и убава вибрација која во домот ја носи океанот е посебно препознатлива во домовите кои се наоѓаат во близина на водена површина.