Блог

Њујоршкиот Ghiora Aharoni Design Studio осмисли многу оригинален стил за стан во една зграда на Менхетен…

Тие на овој стан му додадоа дрвени панели од даб и сребрени листови, а за проектот ги ангажирала клиентка која посакувала да поседува стан кој наликува на уметничко дело. Иако овој стан всушност е еднособен, луѓето од студиото ги отстранија сите партиции и создадоа отворен план на просторот кој е поделен со мебел. Сребрените листови се рачно нанесени на горните делови на ѕидовите, додека панелите од даб ја прекриваат долната половина и продолжуваат во вид на подна облога. Осветлувањето е вградено во овие панели и под деталите на таванот, додека секој остар агол во овој стан е заоблен во елегантна линија.

Флуидната сензација на просторот и светлоста дополнително е нагласена со отстранување на правите агли во архитектонските елементи на овој стан, односно на ѕидовите. Централната самостојна единица која го дели дневниот престој и трепезаријата од собата за спиење има камин во својот средишен дел и бројни шкафови за складирање.

Дневната соба е опремена со заоблени парчиња мебел, како што е софата која е дело на Владимир Каган, оригинално дизајнирана во 1055 – та година и клуб масата која настанала под влијание на бразилскиот дизајн во триесеттите години.

Дното на подигнатото заоблено стаклено шкафче ја осветлува црната работна површина која ја следи истата форма. Уште една површина со црна боја која игра улога на ноќна масичка, може да се завитка во Ѕ форма и да се претвори во дополнителен кујнски елемент во кој ќе се смести мал мијалник. Позади стаклените врати се наоѓа бања декорирана со мали хексаголни титаниумски плочки кои сјаат под влијание на светлината.