Блог

Карл Лагерфелд е синоним за модата, иновација, напорна работа и вонвременски дизајн…

Водејќи три интернационални бренда, Шанел, Фенди и Карл Лагерфелд, овој германски дизајнер на своите осумдесет и три години верува дека неговиот став и гледање на светот е сосема нормален. После претставувањето на ентериерот во својот дом во париски стил и приватната библиотека, Карл ја отвори вратата и на својата канцеларија во Париз.

Позади вратата, неговото париско ателје крие простор кој овој моден дизајер го дели со својата сродна душа и муза, Чупет. Како што вели самиот дизајнер, омилен детаљ во неговиот работен простор е неговата работна маса, која припаѓала на познатиот француски архитеткт Мишел Ру – Шпиц. Удобните фотелју во силно црвена боја му даваат на овој амбиент Арт Деко дух, кој совршено се вклопува со декоративните дрвени детали и каминот.

Уште еден интересен предмет во неговото ателје е KarlBox, односно кутија со дрвени моливи и бои која ја креираше самиот дизајнер во соработка со компанијата Faber-Castell.

Ова изобилство на дрвени моливи, дрвени бои, пастели и други алатки за работа, претставува исклучително луксузен колекционерски предмет. Познат низ целиот свет по својот стил на работа, господинот Лагерфелд ги користи своите омилени Shu Uemura сенки за очи и мали четки за боење на своите скици.

Подот на неговата канцеларија обложен е со шарен тепих, кој е инспириран од конструктивистички слики, а се дизајнирани токму од него, апсолутниот владетел на модниот свет.

Други детали од овој простор кои се вредни за да се споменат се јеликоптерот кој всушност претставува модел од вистински хеликоптер, чиј дизајн на ентериерот е негово дело, Исто така тука е шишенцето од Diet Coke со неговата силуета и голема кукла наречена Mon Shu, која Лагерфилд ја креираше за време на својата прва соработка со Shu Uemura.