Блог

За прв пат независен бренд кој се занимава со производство на тапети, Calico Wallpaper, ангажираше надворешни дизајнери за креирање на нова серија наречена „Imagined Landscape“, која дебитираше на овогодинешниот саем за мебел во Милано.

Оваа колекција содржи различни пејзажи кои се вклопуваат со дизајнерската естетика на овој бренд и методите кои тие ги користат. Во соработка со дизајнерите, тие ја прошириле својата понуда на беспрекорни тапети кои не се едноставни ѕидни облогу, туку вистински уметнички дела.

Topographies Design е дело направено од куп тродимензионална искината хартија и рачно работено и претворено во дводимензионални тапети.

Серијата цртежи на тапетите Mira & Miloš се рачно работени линии кои ја откриваат својата несовршеност само кога ќе ги погледнете одблизу.

Делото Microcosmos настанало од зголемени слики од меурчиња со органски форми, а потсеќаат на нешто што би можеле да го видиме само преку микроскоп.

Во оваа колекција се наоѓаат и три оригинални слики инспирирани со рококо стилот од седумнаесетиот век и англискиот рурален крај каде што пораснала дизајнерката која ги дизајнирала.