Блог

Венге дрвото е егзотичен тип на дрво кој доаѓа од Западна Африка. Ова дрво има темно кафена боја со црни линии или беж линии кои полека се прелеваат во црни.

Овојпат добивме прашање од Павлина за тоа кои бои одговараат со Венге темно дрво.

Почитувани,

Ми треба совет околу мојата дневна соба.

Доминира крем и венге боја и во последен период ми делува монотоно. Ве молам за совет што да променам во однос на боите, дали да се смени нешто во однос на мебелот?

Поздрав, 

Павлина

 

Во овој случај доколку сакате да го освежите просторот и да внесете нешто ново,  Ви предлагаме неколку комбинации со бои кои ќе ја потенцираат темната нијанса на Венге дрвото, а воедно и ќе внесат нова свежина во просторот. Темно жолтата, портокаловата и црвената одлично одат со венге боја. Зелената на просторот би му додала свежина. Она што е важно кога зборуваме за боите кои одогвараат со Венге дрвото се боите кои потсетуваат на африканската савана. Доколку направите комбинација со некоја од овие бои, Вашиот простор ќе добие етнички изглед.

Доколку посакувате природен изглед и нежни нијанси, тогаш изберете беж или нежно сива боја. Во никој случај не употребувајте темно сиви или темно кафени нијанси (како чоколадната на пример) кои ќе го затворат просторот. Она што може исто така да изберете се бели, сјајни површини кои ќе направат убав контраст.

Погледнете ги фотографиите со примери подолу во текстот и изберете го вашиот фаворит!