Блог

Гордо сместен на една од највисоките точки во долината Солт Лејк, овој имот во Лост Kањон ви нуди бескраен поглед и скоро 1.800 квадратни метри неверојатен луксуз на три нивоа…

Седум спални соби, единаесет бањи, две масивни кујни, домашно кино и преубав „инфинити“ базен би требало да бидат сосема доволни за да Ве заинтригира, но оваа резиденција нуди уште многу.

Во нејзиниот ентериер ќе пронајдете најфини детали од дрво, додека прекрасните спирални скалила ќе ви го одземат здивот само што ќе зачекорите внатре. Грандиозната дневна соба и формална трепезарија се волшебни, а неверојатното главно крило им овозможува на сопствениците да уживаат во еден од најубавите имоти во целата држава Јута.

Гостите се добредојдени во овој дом, посебно поради фактот дека би имале свој стан со приватна кујна. Сепак, вистинското ужување ве очекува во екстериерот на овој имот, каде што се наоѓаат три нивоа за забава, идеални за цело семејство. „Инифинити“ базен, голем простор за седење, куќичка покрај базен и џакузи на горното ниво, додека видиковецот се наоѓа веднаш до нив. Тенискиот терен е на долното ниво.

Исто така, оваа вила нуди и терен за рекетбол веднаш под големата гаража со доволно место за шест автомобили и чамец. Ова е нависитна едниствен имот, на само неколку минути од Солт Лејк Сити. Цената за оваа вила зависи од Вас – таа се продава на аукиција уште од 20 – ти мај!