21
Jun

Дрвена викендичка на планина

[stm_post_info]

Оваа дрвена куќичка е сместена на 1.060 метри надморска височина некаде помеѓу Осло и Берген во Норвешка. До неа нема пат, така што и материјалите при изградбата се транспортирани со хеликоптер.

Сепак констукциските проблеми не престанале тука. Пределот е опкружен со бројни видови на растенија кои растат многу бавно така што работата морала да биде изработена рачно за околината да биде зачувана. За време на летните месеци архитектите го завршиле екстериерот на оваа планинска викендичка, додека ентериерот е изведен за време на зимскиот период, кога материјалите биле донесени со снежни скутери.

Кога зборуваме за конструкцијата, оваа планинска колиба содржи борово дрво, три слоја на изолација и соларно заштитени панели кои нудат панорамски поглед на планината, езерото и глечерите кои ја опколуваат.

Главната спална соба е свртена кон планините и поседува голем стаклен прозор кој создава чувство на отвореност на просторот. Покрај сите заеднички простории, оваа викендица исто така содржи и други простории како и високо поткровје, кои претставуваат доволен простор за 13 лица. Токму како и екстериерот, ентериерот на оваа колиба се состои од борово дрво кое се наоѓа на ѕидовите, подовите и плафоните.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]