Блог

Компанијата A for Architecture од Мелбурн била замолена да трансформира стара барака бо двокатна куќа за млад брачен пар со деца…

Valiant House претставува куќа сместена на најмалото парче земја во едносмерна улица каде што оригиналната колиба поседувала само една соба која овозможувала поглед кон градината и бањата. Сопствениците на овој дом барале оваа потполно нова куќа да има флексибилни простории наменети како за децата, така и за возрасните, заедно со ентериер кој на идеален начин би бил поврзан со дворот.

Аехитектите на ова австралиско студио биле во можност да одговорат на сите барања  и покрај предизвиците кои ги поставила пред нив малата квадратура на колибата и успеале да создадат светол енеиер кој слободно тече и овозможува чувство на пространост.

Високите тавани се искористени максимално, заедно со рефлектирачките површини, за да направат илузија на дополнителен екстериерен простор. Целокупниот заден ѕид е креиран од прозори кои исто така овозможуваат големо количество на дневна светлина. Свете спални соби се позиционирани на предниот дел од куќата, додека остатокот е отворен план во кој се сместени кујната, трепезаријата и дневната соба.

Пералната, бањата и кујната се изградени во централниот дел кој исто така вклучува и спална соба и дозволува двата ходници да патуваат надоле од двете страни на екстериерните ѕидови.

Косите тавани на задниот дел од куќата се обложени со топло дрво кои исто така се употребува за поплочување на централниот блок на просторијата во куќата. За време на реновирањето задржан  е изгледот на оригиналните ѕидови од цигла, неговата неправилност и сите карактеристики кои го дополнуваат овој модерен простор. Геометриските отвори на врвот од куќата се обоени на начин на кој отсликуваат заострена конструкција на кровот.