25
Jul

Лето во домот

[stm_post_info]

На сите оние кои сакаат „морско чувство“ во својот дом за постојано да се чувстуваат како да се на летен одмор, овојпат ќе им помогнеме со неколку совети за начините како тоа да го остварат.

Мирисот на морето без близината на море тешко ќе го донесете во својот ентериер, но затоа постигнувањсето на светлината, топлината и шармот на брегот не би требало да биде проблем.

Во креирањето на оваа сцена неизбежна е сината боја и тоа во сите нијанси.

Белата боја со силен контраст на сината или во комбинација со сини и беж тонови е најчеста комбинација за овој тип на уредување.

Пастелните бои се одличен избор кога сакате да поврзете многу различни предмети, материјали и доминантни бои, бидејќи тие бои зрачат со смиреност. Белата боја заедно со пастелните одлично се вклопува во секој минималистички и современ ентериер, како и со класичниот и старински стил.

Старинскиот мебел од дрво, плетената трска или кованото железо  одлично се вклопуваат во морскиот амбиент, па ако имате слични предмети можете да ги преработите, обоите и вклопите во својот дом. Сите природни материјали се добредојдени во вашиот дом, а освен дрвото и останатите наведени материјали, добродојдени се стаклото, школките и каменот.

При изборот на ткаенини изберете природни материјали како што се памук, јута или лен, кои на просторот за време на високите температури ќе му овозможи полесно да дише, а со тоа и вам исто така. Деталите како темно син сад, вазна и слично, керамичка или стаклена одлично ќе одговара во овој простор, а боите најдобро ќе се истакнат покрај бел ѕид. Белите детали поставени на пастелни подлоги ќе изгледаат префинето и елегантно.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]