Блог

Кошаркарското игралиште кое се својот изглед потсетува на старите видео игри е нова атркција за сите спортисти, но и фотографи во Париз.

Теренот во силни бои е резултат на соработката со францускиоот моден бренд Pigale и дизајнерската агенција III-Studio. Инаку ова не е прв пат Pigalle да го украсува и бои ова игралиште, но оваа последна уметничка интервенција го подигна на повисоко ниво.

Неонските бои изгледаат уште подраматично и впеатливо поради сивото опкружување на старите стамбени згради меѓу кои се наоѓа игралиштето.

Проектот е спонзориран од Најк, бренд кој веќе неколкупати работел со модниот бренд на проекти каде двата бренда се обидуваат да ги доближат спортот и високата мода.

Значи, ако наскоро патувате во Париз, не заборавајте да го посетите ова игралиште, па дури и ако не играте кошарка. Сигурно би направиле одлични фотографии!