Блог

Твинс претставува своевиден спој на современиот архитектонски израз на високи објекти со компактност и интимност на објект со пониска катност.

Со чист поглед на градскиот парк, со поглед на бујно зеленило, со поглед на реката Вардар и со обилна дневна светлина, апартманите во Твинс се вистински избор за оние кои бараат мирна атмосфера, а истовремено во близина имаат сè што им е потребно за квалитетен и удобен живот.

elena-luka-home-twins-presentation-002

Исто така, Твинс е одличен дом за луѓе кои сакаат да се рекреираат и спортуваат и да го зајакнуваат својот дух, вложуваат во своето здравје, кондиција, го бистрат умот и го минимизираат секојдневниот стрес.

elena-luka-home-twins-presentation-003

Сместен во близина на реката Вардар, окружен со зеленило од сите страни Твинс нуди 92 ултра модерни станбени единици со различни големини – од студио до четворособни станови сместени во 7 ката на две половини кои се спојуваат во единствен дизајн. Сите станови имаат сопствен балкон на тој начин сите можат да уживаат во погледи на изгрејсонца и зајдисонца за паметење.

Освен што се наоѓаат во природно и здраво окружување, становите на Твинс се изградени од најквалитетни материјали во склад со највисоките стандарди на современиот дизајн, со што се создава чувство на вистинска префинетост.

Младите професионалци и парови можат да изберат помали модерни апартмани, додека семејствата со деца имаат одличен избор на четворособни апартмани

elena-luka-home-twins-presentation-006

Близината на игротеките, бројните игралиштата за тенис, кошарка, фудбал како и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде што ќе можат да одат на пливање, пинг-понг, куглање, картинг, е исклучително значајна придобивка.

Во близина е и најголемиот аквапарк во Македонија, единствената клајмбинг карпа, кејот на Вардар каде што можете да ролате, да возите велосипед, трчате, вежбате во отворените теретани на кејот, постарите станари можат да уживаат во рекреативните прошетки, во совршениот поглед од амфитеатарот на кејот кон слапот каде се спојуваат Вардар и Лепенец.

За оние кои сакаат шопинг да не го заборавиме единствениот Сити Мол кој е на стотина метри од објектот.

elena-luka-home-twins-presentation-008

Сите овие бенефиции кои му даваат дополнителна вредност на објектот, се и ваши бенефиции доколку се одлучите да бидете дел од Твинс.

elena-luka-home-twins-presentation-009

Безбедните паркинг места, дополнителниот наменски складишен простор, како и деловните простории во приземјето на објектот во кој е планирано да се сместат ексклузивни продавници, ќе им пружат дополнителни олеснителни околности и уживање на нашите станари.

Elena Luka Home

Why Dream apartments?

Како и секој од вас што е поинаков и носи свој карактер така и ние ги доближивме нашите домови до вас и создадовме цела палета од станови за сите можни карактери кои на крај ги сублимиравме во смарт домови искористувајќи го секој еден сантиметар, а истовремено нудејќи максимален комфорт кој ќе ве освои од прв поглед, едноставно знаете дека тоа сте вие, тоа е вашиот дом.

Барај. Види. Засакај. – (Search. See. Love)

Ние не продаваме само имот, ние продаваме животен стил и тоа е само почеток.

Доколку инвестирате паметно и купите стан од Elena Luka Home, тоа е ваша одлична животна инвестиција.

На тој начин се идентификувате со нашата компанија, се идентификувате со традиција, квалитет, со иновативност.

Вие останувате запаметени и препознатливи, вие имате бенефиции, вие сте поинакви, вие сте дел од семејството на Elena Luka Home.