Блог

Каверн Клеј, односно глинената боја е изборот за 2019-та година ни открива компанијата Шервин-Вилијамс.

Оваа неочекувана, топла нијасна на теракота  е вистински камелеон кога се работи за декоративните опции кои ни ги нуди. Исконбинирана со боите како сина, окер и розева, оваа нијанса лесно може да се вклопи во Вашиот дом.

1540276632_naslovna

„Веруваме дека следната година ќе биде вистинска ренесанса на седумдесетите. 2019 и Каверн Клеј совршено ќе ја доловат обновата, едноставноста и слободата на боемизмот“ одговориле од компанијата.

Каверн Клеј бојата може да биде далеку повеќе од акцент за еден Ваш ѕид. Иако притаена и мирна, таа е доволно свежа да го декорира просторот цеосно, со правилно осветлување и акцентни бои. Богатата нијанса на теракотата совршено се вклопува со сите типови на дрвја и природни површини, но секако, би требало најпрво да ја испробате во Вашиот дом пред да и се посветите максимално.

Како можете да ја користите во ентериерот:

Каверн Клеј е класична боја за влезни врати. Оваа богата, топла нијанса е идеална за декор во Вашиот влезен простор.

Ако не сте подготвени оваа боја да ја употребите на сите ѕидови на Вашиот дом, таванот е идеална почетна точка. Одберете просторија во која драматичната боја на таванот ќе биде стилски погодок, како фоаје или трпезарија.

Покрај фактот што Шерин-Вилијамс компанијата секоја година прогласуваат тренди боја, тие ни откриваат и многу иновативни бои кои можат да бидат инспирација за нов декор. Нивната мастер палета е поделена во 6 теми за идната година, а ние ќе Ви ја откриеме приказната која сто позади секоја од нив:

Шејпшифтер палета

01

Оваа палета и идеален одговор за сите нас кои ги сакаме пастелните тонови, но сеуште  бараме  начин како да ги вклопиме во својот дом. Суптилните нијанси на Шејпшифтер палетата се споени со анкерските бои кои ја ублажуваат. Оваа плаета е фокусирана на баланс и создавање на простор кој Ве опишува лично Вас.

Вондерер палета

02

Вондерер палетата е природна посластица за сите Ваши омилени богатства. Природните материјали и уметничките дела прекрасно се вклопуваат со оваа опуштена линија на бои.

Афисионадо палета

03

Оваа палета ни наговетствува враќање на боите. Неутралните тонови и понатака се популарни, но потемните бои можат да им се придружат во оваа палета. Преубавата нијанса Блу Чаркоал или богатите тонови на Грандиоз Голд се повеќе од акцентирани бои, кога ќе ги исконбинирате со вистинско осветлување и аксесоари.

Ентизијаст палета

04

Ова е вистински рај за љубителите на еклектичен стил. Ентузијаст темата е се она што би сакале од една палета на бои, содржи енергични бои кои беспрекорно соработуваат една со друга, посебно кога се во комбинација со еден или два неутрални тонови кои го даваат балансот.

Натуралист палета

05

Оваа палета претставува спектар од неутрални тонови, кои никако не се досадни или веќе видени. Потсетуваат на палетите кои биле користени во седумдесетите, свежи тонови на Примавера зелената боја совршено се вклопуваат со Ерос розевата нијанса, креирајќи шарматна, свежа шема за Вашиот ентериер.

Раконтер палета

06

 

 

Во оваа палета ќе се пронајдат оние кои наоѓаат убавина во искуствата и окружувањето. Бои кои се вклопени со нашата заедничка историја кои креираат смирувачка и значајна симбиоза со омилени парчиња на декор.

Author: Небојша Антиќ
За првпат почнав да се занимавам со новинарство како уредник на порталот Mnogoo.mk. Студиите по внатрешен дизајн ме направија стручен во полето на архитектирата и ентериерот. Блискоста со клучните луѓе од оваа фела кај нас и во светот ми овозможија пласирање на информации од прва рака. На Elena Luka Home ќе се обидам да ја прикажам стилската но и корисната страна на архитектурата каква до сега не сте ја запознале.