Блог

Покрај вистинската површина од 43 метри квадратни, субјективното чувство вели  – околу 60. И покрај непретенциозното дизајнерско решение, субјективното чувство вели – убавина на едноставноста. И покрај доминантната бела боја во императив да се креира илузија на простран простор, субјективното чувство вели – весел и елегантен ентериер. Постои ли подобра потврда за функционалност и креативни решенија?

Беспрекорниот дизајн и фунционалноста се најубави кога одат заедно, ќе рече секој добар дизајнер, архитект но и сопственик на стан. А дека навистина така потврдува новиот бисер на бањалучките ентериери – шарматниот стан кој го осмислила архитектката Јелена Барач.

Исклучително ефектни решенија, неодолливи дизајнерски парчиња, вешто искомбинирани елементи и врвна функционалност пред се. Накратко може да се каже дека овој дом настанал со комбинирање на индустриски стил и рустичен шарм, завршен со неколку ексентрични детали.

 

Lepota jednostavnosti u 43 m2 V

Заводлив дизајн

Отворената дневна соба и трпезарија се окружени со бели ѕидови и таван, што е мудар трик за визуелно зголемување на просторот. Иако станот е осмислен и уреден за живот на две личности, кои ќе уживаат во светлоста на заедничкиот простор, станот е совршен и за дружење со пријателите.

Дневната соба е пространа, за зоната за опуштање и релаксација се состои од удобна софа со врвен дизајн, бела табуретка и жолта фотелја во која читањето книга или гледање телевизија претставува посебно уживање.

Дневната соба настанала како спојод модерен и еклектичен, рустичен и традиционален дух, а целиот простор го красат два лустера со индустриски дизајн кои ја носат текстурата и визуелен контраст на современиот ентериер. За разлика од традиционалните индустриски елменти, тие лесно можат да се вклопат во повеќето модерни стилови и ентериери.

Lepota jednostavnosti u 43 m2 l (1)

Посебен шарм и топлина влеваат дрвените подови и дрвената реконструирана столица од баба, кои вешто и складно комбинирани со бели парчиња мебел, како што се висечки ормарчиња под телевизорот. Подовите како една од највпечатливите карактеристики на станот, се  комбинаија од трослоен паркет со големи форми од 1.7 метри, а целно е одбрана боја на темен орев за визуелно да го издолжи просторот, посебно во комбинација со бела подна и ѕидна керамика со висок сјај. Белите ѕидови се освежени со петролеј во жолта и сина боја но и геометриски црно-бели мотиви кои се јавуваат на приемр на табуретката и сликите, на декоративните перничиња на софата и така внесуваат динамика во комплетниот ентериер на станот.

Lepota jednostavnosti u 43 m2 l (2)

Смирените тапети, своевидна имитација на бетон, носат ремек дело од ренесансата т.е. мотив на Давид од Микеланџело кој го покрива целиот ѕид во дневната соба и претставува еден од највпечатливите елементи во целиот простор. Така со овие симболи на човечка моќ и девствена убавина многу вешто се донесува дополнителна доза на елеганција која, меѓу другото, е главен атрибут на овој стан. А дека уметноста и книжевноста се многу присутни, покажува и морнарската статуа во дневниот престој како и богатата библиотека по полиците.

Lepota jednostavnosti u 43 m2 l (3)

Lepota jednostavnosti u 43 m2 (5)

Lepota jednostavnosti u 43 m2 ll (2) (1)

Lepota jednostavnosti u 43 m2 (6) (1)

Lepota jednostavnosti u 43 m2 ll (6) (1)

Убавина во секој детал

Просторот од дневна соба се претвора во мала трпезарија која е сместена покрај ѕидот во просторијата. Цитат од Енди Ворхол вешто е осветлен со импресивен геометриски лустер кој внесува доза на елеганија во ентериерот. Масата е голема и богата, изработена од медиапан со висок сјај, како и целиот вграден мебел за складирање. Позбнатите трпезариски столови Чарл Имс се олицетворение на комфор со удобно длабоко сеење и закривен наслон. Тие се поставени на ногарки од буково дрво испреплетени со жици кои се идентични со оние на лустерот, па исклучително складно се вклопуваат во овој ретро и шик простор.

Lepota jednostavnosti u 43 m2 l (4) (1)

Lepota jednostavnosti u 43 m2 l (9)
Lepota jednostavnosti u 43 m2 lV

Lepota jednostavnosti u 43 m2 lll

Самата кујна е многу едноставна и прозрачна и се наоѓа во издвоена просторија. Елементите се во бела боја со нагласени контрасни детали и логично е осмислена з оптимално користење при подготовка на храна.

Lepota jednostavnosti u 43 m2 ll (3)

Lepota jednostavnosti u 43 m2 ll (4)

Lepota jednostavnosti u 43 m2 (1)

Оаза за одмор и опуштање

Спалната соба истотака е уредена многу удобно и е совршена оаза за одмор и спиење. И овде нагласени се природните тонови и материјали, со впечатлива слика на женски лик во голем формат над креветот. Собата е сведена на преовладлива комбинација на нешто потопли бели нијанси на ѕидови и студено бела нијанса на кревет и плакар од медијапан.

Просторијата визуелна удвоена со големото огледало кое воедно го скрива и просторот за скалдирање на облеката. Просторот околу прозорците истотака се искористени за складирање, додека делот под самиот прозорецот врши двојна функција – служи како наткасна за шминкање, а воедно и суптилно го покрива радијаторот.

Lepota jednostavnosti u 43 m2 (4)

Инаку, комплетно мебелот за овој стан е направен по мерка, што допринесува овој стан од 43 метри квадрати да се претвори во 60тина квадрати. За тоа е заслужна и неутралната основа од дрво во бела боја украсена со дискретни детали, што му даваат простран и фунционален изглед на ентериерот.

Инаку, комплетно мебелот за овој стан е направен по мерка, што допринесува овој стан од 43 метри квадрати да се претвори во 60тина квадрати. За тоа е заслужна и неутралната основа од дрво во бела боја украсена со дискретни детали, што му даваат простран и фунционален изглед на ентериерот.

Кога на тоа ќе се додаде и беспрекорното комбинирање на современи и класични детали и доза на мистичност што Јелена како архитект ги носи, финалниот резултат е совршен.

Сопственикот на овој стан за својот дом сакал удобно и топло место за живот кој одговара на неговите животни интереси и претставува идеален простор за дружење и уживање во животот. Тоа во најмала рака и го добил. Субјективното чувство вели и многу повеќе од тоа.

Lepota jednostavnosti u 43 m2 ll

Lepota jednostavnosti u 43 m2 l (8)

Вакви понуди на станови и многу други актуелни квадратури можете да најдете во најновата понуда на Elena Luka Home.

Запознајте го Connect 5 – Новиот убавец од EL Home

Connect-31-2