Блог

Овој луксузен апартман се наоѓа на врвот од една стара зграда лоцирана во областа Сохо, Менхетн. Всушност, станува збор за дуплекс пентхаус со вкупна површина од 692 метри квадратни. Просторот е уреден во класичен стил со луксузни парчиња мебел, претежно во кафеави нијанси. Веројатно, највпечатливо парче мебел е големата полукружна гарнитура сместена во собата за дневен престој, како и каминот кој се протега низ двете нивоа на пантхаусот. Плафонот во делови од првото ниво е висок неверојатни 11 метри, а големите стаклени површини овозможуваат одличен поглед кон облакодерите на Менхетн. Апартманот има 6 спални соби со 6 бањи, соодветно. Во продолжение на второто ниво има и тераса со многу зеленило.

Моменталната вредност на пентхаусот е 37,5 милиони долари.

Duplex-Penthouse-Soho-ELHome-002
Duplex-Penthouse-Soho-ELHome-003
Duplex-Penthouse-Soho-ELHome-004
Duplex-Penthouse-Soho-ELHome-005
Duplex-Penthouse-Soho-ELHome-006
Duplex-Penthouse-Soho-ELHome-007
Duplex-Penthouse-Soho-ELHome-008
Duplex-Penthouse-Soho-ELHome-009
Duplex-Penthouse-Soho-ELHome-010
Duplex-Penthouse-Soho-ELHome-011
Duplex-Penthouse-Soho-ELHome-012
Duplex-Penthouse-Soho-ELHome-013
Duplex-Penthouse-Soho-ELHome-014
Duplex-Penthouse-Soho-ELHome-015