Блог

Оваа вила се наоѓа во предградието на Софија, соседна Република Бугарија. Нејзиното име е VILLA 29, а иновативното решение го потпишува тимот на архитектонското студио Studio LTD. Дизајнерите тргнале од идејата да овозможат беспрекорни услови за удобен живот на млад брачен пар со две дечиња. Па, така креирале модерен простор со винтиџ детали дополнет со врвна технологија.

Собите се уредени со внимателно избрани парчиња мебел кои ги следат едноставни линии, како и интересни расветни тела кои придонесуваат за луксузот на Villa 29. Во сите простории доминираат темните бои, освен во детските соби. Во склоп на вилата има и една гостинска соба.

По однос на материјалите, архитектите избрале природни материјали, а најзастапени се дрвените површини кои оддаваат чувство на топлина и смиреност.

Villa-29-ELHome-002
Villa-29-ELHome-003
Villa-29-ELHome-003+
Villa-29-ELHome-004
Villa-29-ELHome-005
Villa-29-ELHome-006
Villa-29-ELHome-007
Villa-29-ELHome-008
Villa-29-ELHome-009
Villa-29-ELHome-010