Блог

Овој простран апартман се наоѓа во центарот на Торино, Северна Италија. Всушност, станува збор за 2 поврзани станови кои се во сопственост на мајка и син. Просторот е проектиран да функционира како една целина, но сепак да ја испочитува приватноста и индивидуалноста на станарите. Уредувањето е минималистично и инспирирано од 50-тите и 70-тите години.

Дамата живее во поголемиот стан, кој е опишан како елегантен и софистициран благодарение на темниот дабов под, мермерните површини, висококвалитетната ткаенина и елементите од челик. Во тој дел преовладува шмекот на 50-тите години од минатиот век.

Веројатно највпечатливо парче мебел е прекрасната стилски софа во сива боја со линеарни мотиви, а естетиката ја надополнуваат клуб масичката, теписите во песокливи нијанси и фотељите со чисти линии во стивнато розови тонови.

Горните елементи на кујната, бироата, како и ТВ-комодата се изработени од темно ороеово дрво. Исто така, дизајнерите внимателно ја избрале расветата во апартманот.

Предводник на проектот е италијанскиот архитект Фабио Фантолино.

Stan-vo-Torino-ELH001
Stan-vo-Torino-ELH002
Stan-vo-Torino-ELH003
Stan-vo-Torino-ELH004
Stan-vo-Torino-ELH005
Stan-vo-Torino-ELH006
Stan-vo-Torino-ELH007
Stan-vo-Torino-ELH008
Stan-vo-Torino-ELH009
Stan-vo-Torino-ELH010
Stan-vo-Torino-ELH011