Блог

Големиот, отворен дневен престој е поделен на зони со цел да се задоволат различните потреби на големото семејство кое го сочинуваат повеќе генерации. Пространата дневна соба е дефинирна како удобен и пријатен простор во кој се собира целото семејство.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (24)

Карневалот на ведри бои и дезени внел живот во овој неутрален простор на дневната соба. Светлата палета на бои на ѕидови и мебел ги обогатиле акцентираните детали како што се декоративните перничиња и уметничките дела.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (9)
Каминот инаку е еден од највпечатливите елементи на ентериерот, а во овој простор посебно привлекува внимание благодарение на впечатливиот зелено бел дезен. Вертикалните полици складно го дополнуваат просторот околу каминот.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (21) l

Еден од најатрактивните делови на станот е несекојдневната кујна изработена од бакарни кујнски елементи. Во рефлективната површина на орманот и уредите од бакар се огледува дневната соба, која кујната ја дели практично на острово со барски столови.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (22)

На местото кое е преплавено во природна светлина е сместена трпезаријата. Масивната плоча на трпезариската маса стои на испреплетни дрвени ногари во повеќе бои. Разигрнта композиција ја дополнува миксот од различни трпезариски столови.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (11)

 

Лустерот со бајковит дизајн е поставен над масата. Низите на кугли од разнобојно дувано стакло висат од таванот како украсни орнаменти.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (10)

Пултот и барските столчиња го делат добниот простор за читање или одмор од главната дневна соба.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (4)

Пинк фотелјата заедно со сино портокаловиот дезениран килим прави истотака интересен спој.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (20)

Мноштвото од бои внесуваат и различните керамички вазни и декоративни предмети изложени на брановидните дрвени полици.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (4) l

Функционална и удобна, третата дневна соба е облечена во нежна нијанса на портокалова и сина боја.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (32)

Изложениот ѕид од цигли одлично функционира како неутрална, но не и монотона позадина која е разиграна со поставени предмети на отворен тип на полици.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (32)

Во просторот владее енергичен спој на ткаенини од Узбекистан, слики од руски уметници и „богатства’ пронајдени на „пазарите за стари работи“ од Италија и Шпанија.

Кога ќе настапи вечерта до израз доаѓаат оригиналните ЛЕД светилки, вградени во таванот и во ѕидовите со различни должини и ширини.

anigif l

Истиот систем на расвета е повторен и во работната соба. Дополнителното осветлување го пружа модерниот сет од лустери.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (27)

Во главната спална соба, ЛЕД траките се сместени во владбнатините на необичниот бел ѕид.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (8)

Атрактивните отворени полици и ѕидот од оголени цигли се присутни и во оваа просторија.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (15)

ЛЕД траките се протегаат по целата ширина на таванот и се спуштаат зад впечатливите слики. Низ големиот прозор може да се види бањата која е припиена во главната спална соба.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (18)

Централниот елемент на раскошната бања е елегантната самостоечка када со славина од месинг.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (25)

Зеленото орманче складно се вклопува со живописната палета од бои.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (19)

Уште еден ефектен дизајнерски чекор – камен мијалник поставен на дрвена плоча, во потполност одговара на стилот на бањата која асоцира на природата.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (23)

Отмениот спој на магендата со сината боја доминира во другата спална соба.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (28)

Атрактивен новитет во оваа просторија претставува и декоративниот ѕид од стаклени блокови поставени на наслонот од крветот. Дискретното осветлување го даваат светилки во индустриски стил.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (31)

Цветниот дезен и комбинацијата на сина, зелена и жолта боја го оживуваат просторот на помалата бања.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (30)

Третата спална соба носи палета од земјени тонови. И овде е присутен складен микс од уметнички дела и дискретен спој на различни дезени.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (1)

Рустичните ковчези служат како интересна замена за класични ноќни масички.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (3)

 

Неизоставен дел од просторијата претставуваат атрактивните полици, кои го одвојуваат делот за седење одостатокот од собата.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (13)

Разиграните шари ја красат третата бања. Дрво, камен и месинг можат да се видат во овој простор.

Živopisan spoj vedrih boja i originalnog nameštaja u enterijeru (33)

Author: Небојша Антиќ
За првпат почнав да се занимавам со новинарство како уредник на порталот Mnogoo.mk. Студиите по внатрешен дизајн ме направија стручен во полето на архитектирата и ентериерот. Блискоста со клучните луѓе од оваа фела кај нас и во светот ми овозможија пласирање на информации од прва рака. На Elena Luka Home ќе се обидам да ја прикажам стилската но и корисната страна на архитектурата каква до сега не сте ја запознале.