Блог

Овој прекрасен дом се наоѓа во градот Мурманкс, Русија. Зад одличниот концепт стои искусниот архитект Денис Красиков. Станува збор за нетипичен скандинавски стил на уредување, кој отскокнува од шаблоните. Просторот е отворен и светол благодарение на големите прозори и исклучително високиот плафон.

Indust+Scandi_ELHBlog02

Одличен визуелен ефект е постигнат преку контрастот на белате ѕидови со сивите тонови на мебелот, како и темниот дрвен под. Поговорките на ѕидовите, иако во црно-бели нијанси, ја дополнуваат атмосферата и на домот му даваат уникатен печат. Во секоја просторија е поставен по некој детаљ во сина и маскирно зелена боја со цел да се разигра амбиентот и да се избегне монохроматски впечаток. Се чини дека главен фокус е ставен на кујната која е одлично решена. На прв поглед делува индустриски и ладно, но сепак е мошне функционална. Осветлувањето во спалната соба и бањата е интересно и впечатливо.

Indust+Scandi_ELHBlog03
Indust+Scandi_ELHBlog04
Indust+Scandi_ELHBlog05
Indust+Scandi_ELHBlog06
Indust+Scandi_ELHBlog07
Indust+Scandi_ELHBlog08
Indust+Scandi_ELHBlog09
Indust+Scandi_ELHBlog10
Indust+Scandi_ELHBlog11
Indust+Scandi_ELHBlog12
Indust+Scandi_ELHBlog13
Indust+Scandi_ELHBlog14