Блог

Талентираниот тим на тајванското студио “A Little Design” успеал да изработи одлично ентериерно решение за стан чија вкупна површина изнесува 17,6 метри квадратни. Тие, при проектирање на ентериерот, се сретнале со неколку предизвици: централно поставен столб, како и преголема бања за толку мала квадратура.

Благодарение на релативно високиот плафон од 3,4 метри архитектите успеале да реализираат дуплекс микро-стан со тоа што спалната соба ја поставиле на второто ниво, а пристапот до него е овозможен со минималистички скалила. Исто така, со поместување на ѕидот од бањата, се ослободил доволен простор за комплетно опремена кујна. Софата во дневната соба може да се користи како дополнителен кревет за гости, а нејзините длабоки фиоки го зголемуваат вкупниот складишен простор во станот. Масата може да послужи како трпеза, но и работно биро.

Станот е минималистички уреден со светли нијанси кои обезбедуваат визуелно поголем простор.

tiny-apartment-iLike-mk-002
tiny-apartment-iLike-mk-003
tiny-apartment-iLike-mk-004
tiny-apartment-iLike-mk-005
tiny-apartment-iLike-mk-006
tiny-apartment-iLike-mk-007
tiny-apartment-iLike-mk-008
tiny-apartment-iLike-mk-009