За нас

slider_bg_3

Во срцето сум повеќе урбанист отколку градежник

бидејќи сметам дека архитектурата

е всушност достигнување на вистината.

Низ животот научив дека градењето

градењето е исто како и модата, сѐ е во пропорциите.

А низ градежната кариера научив

дека прво треба да го гледам градот и луѓето.

Кога градиме, избегнуваме брза препознатливост

бидејќи ние не градиме за да стекнеме клиенти

туку имаме клиенти за кои градиме.

Елена Пандева

Генерален менаџер

ЗА НАС

Приказната за Elena Luka Home започна како резултат на потребата од уникатни градби, да се подобри визуелната естетика и квалитет на градбите како и на клиентите да им се понуди поинаква визија за нивното домување и да им се отворат богати можности за изборот на нивниот дом, неговиот квалитет, дизајн, архитектонско решение и ентериерот до најмали финеси.

Ја остваруваме целта и создаваме метропола во метропола. На прв поглед фасадите на станбено деловниот комплекс во Аеродром ќе Ве потсети на градбите од познатото Големо Јаболко, остварувајќи ја нашата замисла објектите на Elena Luka Home да добијат изглед на светска метропола.

 

НАШАТА МИСИЈА

Да создадеме производ кој што на пазарот ќе се издигне неколку скалила над моменталната понуда, а во него да бидат имплементирани првенствено основните елементи коишто ги пропишува правилникот за градење, а потоа и современите алатки за урбано живеење.

Ваквиот уникатен начин на работа ја исклучува можноста од неуспех во работењето. Ова се сведува на резултат остварен од блиската и директна комуникација, Elena Luka Home кон клиентите, желбите на клиентите насочени кон нас. Ваквиот начин на работа првенствено значи дека секој е третиран на еднаков начин, испочитувани се неговите барања и реално се кажани можностите за реализација од Elena Luka Home.

Во потрага сте по квалитетни станови и професионални градежни услуги?