Клуч на рака

Клуч на рака

Севкупната активност на компанијата е базирана на принципот клуч на рака. Преку постојано инвестирање во материјалите и персоналот, Elena Luka Home може да одговори на секое барање на пазарот, започнувајќи уште од процесот на проектирање, преку производството на конструктивните елементи и нивната монтажа, па се до последната фаза на изградба.

Компанијата е формирана првенствено за градење со челични конструкции, но подоцна ги проширува своите активности, успевајќи да создаде комплетно завршен објект, според принципот клуч на рака. Примарната стратегија на фирмата e континуиран развој, нови инвестиции, следење на светските пазари, почитување на законските регулативи и одржување на постоечките деловни партнерства, паралелно со креирање на новите.

Принципот КЛУЧ НА РАКА опфаќа три полиња на делување:

1. ПРОЕКТИРАЊЕ

Нашите проект менаџери и инженери од различни сектори изработуваат комплетна проектна документација врз основа на која се спроведуваат производниот процес и фазите на изградба. Нашиот тим започнува со скица, која се разработува до степен на финален производ, која пак произлегува од барањата на Инвеститорот.

2. ПРОИЗВОДСТВО

Elena Luka Home е во постојана соработка со реномираната фирма Жикол, чиј капацитет на производство на вклучува: погон за ПВЦ и алуминиумска столарија, бетонски бази за производство на сите видови на бетон и бетонски елементи, асфалтна база за производство на сите типови на асфалт и каменолом во кој има инвестирано најсовремена опрема. Исто така, нашата фирма е во постојана соработка со фирмата Геоконтрол која располага со сопствена софистицирана лабораторија, висококвалификуван тим од инженери, архитекти и еколози кои се секогаш се подготвени да одговорат на барањата на клиентите.

3. ОПЕРАТИВА

Нашиот професионален инженерски тим е способен да креира детален концепт во работењето, намалувајќи го временскиот период на изработка и остварувајќи ја целта: поголема ефективност, а помали трошоци. Секоја од фазите на изградба, почнувајќи од подготвителните работи, преку конструктивните па се до финалните активности, е подложена на мониторинг.

Во потрага сте по квалитетни станови и професионални градежни услуги?