Нашиот тим

Meet our brilliant minds
Elena-Pandeva-2-NAJNOVA-KOREGIRANA
Елена Пандева
Сопственик

Успешно ја поврзав модата и градежништвото давајќи и една топла и женска страна на архитектурата како машка професија низ историјата. Среќна сум што имам тим кој се бори за оваа моја идеја и како такви цврсто се позициониравме на пазарот.

cedomir-jakimovski
Чедомир Јакимовски
Генерален менаџер

Постојано настојувам да има промоции за секогаш да ги изненадуваме клиентите. Потполната документација при правењето на договори со клиенти навистина е реткост на пазарот. Целата градежна документација им е секогаш достапна на клиентите. Нашите станари знаат што купуваат, тоа е единствениот начин за сигурен избор.

zoran-dimovski
Зоран Димовски
Главен архитект

Мојот тим е создаден од перфекционисти секој надградуван во својот сектор и доследен до крај на секторот во кој работи. Уживам кога толку многу умни глави ќе ја состават сложувалката наречена објект и едноставно е перфектна градба. Тогаш успехот е неминовен.

Nebojsa-Antic
Небојша Антиќ
Маркетинг менаџер

Во моментот кога успеав во кариерата и се заситив од окружувањето во кое се наоѓав, се појави можност и предизвик во смисла на работна позиција во Elena Luka Home. Новото окружување кое беше исполнето со амбициозни и ентузијастични млади луѓе со поинаков пристап кон креативниот концепт ми изгледаше како полн погодок во кариерата. Како креативец и маркетер со големо искуство ја добив и титулата креативен и маркетинг директор во компанијата.

lidija-mickovska
Лидија Мицковска
Архитект

Уредувањето на објект не е воопшто лесна работа, мора да бидете практични, функционални, да внимавате на социјалниот момент и на потрошувачката, а притоа во сите сегменти да внесете дел од Вас. Такви се нашите градби. Изградени од срце.

aleksandar-el-home-arch
Александар Ѓорески
Архитект

Постојано сум на терен со клиентите. Ги слушам нивните желби и им предлагам решенија кои ќе им го олеснат домувањето. Вљубеник сум во монохроматскиот изглед и мултифункционалниот мебел. Едноставно, функционално и модерно, токму како и Elena Luka Home.

jordan-tasevski
Јордан Тасевски
Архитект

Од првиот до последниот стан во секој наш објект, секој посебен, секој свој, идеално подготвен за секаков тип на клиенти и квадратури. Мора да постои голем избор од предложени решенија за уредување на просторот. Така знам дека секогаш нивниот краен избор е Elena Luka Home.

Мирослав Јовески
Архитект

Како архитект на терен секојдневно подготвувам детални цртежи, ја координирам работата на изведувачите и вршам проверки за напредокот на фазите на градење. Брзо и квалитетно се справувам со проблемите што се појавуваат во текот на изградбата. Освен тоа, одржувам редовни средби со клиентите и изведувачите заради подобрување на квалитетот на градбата.

Tomislav
Томислав Белиќ
Архитект

Разработката на деталите знае да одземе многу време, доста непроспиени часови. Таква е нашата професија, но тоа е навистина занемарливо кога ќе ги изброите насмевките на вселените семејства, а навистина ги има многу во Elena Luka Home.

kristina-danilova
Кристина Данилова
Асистент менаџер

Прекрасно е чувството да се биде канал на толку многу сектори во фирмата. Едноставно се проширува видикот и станувате професионалци во секое поле. Мојата задача е тимот кој стои зад Elena Luka Home секогаш да е задоволен и подготвен за создавање. До сега успешно го правам тоа.

elena-danilova
Елена Данилова
Асистент менаџер

Работата како личен асистент во Elena Luka Home ми овозможи да се усовршам во областа на градежништвото, да вршам истражувања и анализи на предлог-закони, постојни закони и на други акти од споменатата фела, да градам експертиза со други меѓународни фирми во согласност со потребите на фирмата, да подготвувам информации и стручни мислења во однос на градежните анализи и мислења за нивното влијание во земјата, да ги планирам, развивам и одржувам канцелариските правила и процедури, како и да давам административна и техничка поддршка на раководителот на секторот.

filip-stanic
Филип Стантич
Комерцијалист

Посетувам многу саеми со мојот тим. Бираме исклучиво нови, еко и првокласни материјали од повеќе европски земји. Ние знаеме од колкаво значење се сите детали за станарите, а ги има многу верувајте.

aleksandar-krstov
Александар Крстов
Агент

Едноставно уживам на терен кога на клиентите можам да им ги покажам сите посебности и квалитети на становите кои го продавам. Секогаш ја бирам вистината и затоа имаме беспрекорна доверба со клиентите со кои работам.

Петар Милевски
Агент

Барањето на совршен дом не е воопшто едноставно. Тоа што сум комуникативен и ненаметлив во односот со клиентите, а истовремено сигурен и доверлив, се клучни особини за мојата успешност како агент за недвижности. Исклучително го познавам локалниот пазар, трпелив сум и со текот на годините имам стекнато преговарачки вештини кои се неопходен услов за успех на една градежна компанија и ваков тип на трговија.

Milka
Милка Петревска
Сметководител

Работењето во оваа фирма е прецизно, навремено и конкретно. Тешко е во денешно време да се стигнат роковите но ние успешно го правиме тоа со многу надворешни соработници.

vladimir-gjorgievski
Владимир Ѓоргиевски
Правник

Како правник во Elena Luka Home изготвувам правни акти на ниво на компанијата согласно дејноста (одлуки, потврди, решенија, правилници, договори, спогодби), изготвувам, прибавувам и доставувам соодветна документација согласно законските одредби.

goko-kicev
Ѓоко Кицев
Заменик раководител на објект

Чувството да гледате како пред Вас расте од ден на ден објект со повеќе од станови е чудесно. И секогаш кога се случува одново повторно е незаменливо.

Aleksandar-Nestorovski
Александар Несторовски
Графички дизајнер

Најважно и најосновно, графичкиот дизајн пренесува порака. Тоа е средство за комуникација, единствен и впечатлив начин да се дојде до клиентите и интерент корисниците, било да продавате станови, најавувате настани или сакате да привлечете внимание. Сето од ова го направи Elena Luka Home за првпат на пазарот на градежништво.

Сашо Стојковски
Графички дизајнер

Едноставно речено, графички дизајн е уметничко обликување на предметите за употреба. Параметрите на мојот дизајн се оние социјални, човечки, техничко-технолошки и организациски чинители кои го условуваат настанокот, развојот и напредокот на индустриското обликување. Тоа се параметрите на Elena Luka Home.

martin-trajanovski-01
Мартин Трајановски
Фотограф

Фотографите се личности кои со својата работа, со фотографирање, ги чуваат моментите од заборав. Elena Luka Home со своите градби исто така ги зачувува сите важни моменти во животот кои се случуваат во еден дом и семејство.

Petre-Stojanov
Петре Стојанов
IT администратор

Како одговорен за IT мојата задача е да ги познавам работните процеси. Секојдневно го координирам тимот и внимавам на неговата ефикасност и мотивација. Ги следам сите новитети и се обидувам да ги искористам сите погодности кои тие ги носат, да ги имплементирам во компанијата со цел полесно раководење.