Внатрешно уредување на продажен салон

Реновирање на продажен салон на Елена Лука зенит на совршен спој на мода и архитектура

Реорганизација и редизајн во просторот, со акцент на прави линии, истакнување на дизајнираните парчиња облека и аксесоар со една единствена цел- модата да ја пренесе архитектонската порака кон корисникот, со акцент на разиграни волумени и прави линии.

Елеганција во просторот е постигната со доминантна примена на црни високосјајни материјали во комбинација со детали во златна боја како заштитен знак на брендот.