Консалтинг

Посветени сме на тоа како подобро да се реализираат проекти по пониска цена, без притоа да се влијае на квалитетот на проектот.

Ние во Elena Luka Home располагаме со професионален кадар, универзален опсег и капитал потребен за да им понудиме на нашите клиенти целосно интегрирани услуги кои поставуваат нови стандарди во квалитетот, вредноста, навременоста и економичноста при реализирањето на проектите. Ние вградуваме нови и иновативни идеи и технологии (BIM) софтвери во сите наши проекти преку користење на докажани солуции од целиот свет.

УСЛУГИ ШТО ГИ НУДИМЕ

Употребуваме докажани принципи кои ја потенцираат комуникацијата и соработката преку тимска работа и интерактивна размена на податоци помеѓу архитектите и инженерите од другите струки како и сите кои се директно инволвирани во процесот на работа преку меѓусебно почитување и посветеност на заедничките цели.

Услугите што се достапни за нашите клиенти вклучуваат:

Евалуација на желбите и потребите на потрошувачите

Ги проучуваме и вршиме анализа на желбите и потребите на потрошувачите, како и евалуација на алтернативи, избори и барања

Истражување

Го анализираме импактот на околината врз самата локација и влијанието на околниот терен врз карактеристиките на самиот објект

Проценка на трошоци на изградбата

Го дефинираме обемот на работа и буџетот на проектот со определување на вкупните трошоци за работна сила, материјали, капитал како и ризик на штети што произлегуваат при реализацијата на проектот

Планирање на временската рамка

Ја утврдуваме временска рамка и меѓузависноста на градежните работи во однос на ефикасно завршување на проектите

Анализа на меѓусебни влијанија помеѓу околината и градбата

Го анализираме импактот на околината врз самата локација и влијанието на околниот терен врз карактеристиките на самиот објект

Грешки при проектирање и квалитет на градба

Обезбедуваме експертиза во оценување и истражување на потенцијални проблеми поврзани со грешки при проектирањето и квалитетот на изградбата

Анализа на функционалноста и трошоците

Ја подобруваме функционалноста на вашиот проект преку оценување на трошоците и ограничување на непотребни трошоци

СУПЕРИОРНА УСЛУГА И ОДГОВОРНОСТ

Она што нè одвојува е нашата супериорна услуга и одговорност. Користиме јасни стратегии за намалување на ризикот и реализација на иновативни, флексибилни и ефективни решенија кои ги задоволуваат и ги надминуваат очекувањата на клиентите.

НАШИТЕ ПРОЕКТИ

Во потрага сте по квалитетни станови и професионални градежни услуги?