Инжeнеринг и изведба

Ние како компанија се стремиме кон креирање на највисок степен на доверба и интегритет со нашите клиенти.

Ние како компанија се стремиме кон навремено и активно вклучување во почетните фази на проектирање заради поефикасно управување со проектот во целина, обезбедување на ефективни решенија за управување со објектот, идентификување на предизвиците во рана фаза на градба заради минимализирање на промените кои се детектираат во фаза на изградба на објектот.

Активното вклучување во севкупниот процес на градба вклучува детално планирање пред почеток на градење на објектот, планирање од суштинско значење за успешна изградба на објектот и завршување на обврските во предвидените рокови.

Деталното планирање му овозможува на клиентот и на работниот тим јасно прецизирање на зацртаните цели во фаза на планирање и изградба, како и дефинирање и усогласување на останатите фази на проектот во целина.

Градежни работи

Проектна програма

Инвеститорот ги дефинира своите потреби и барањата на градбата што се проектира. Проектната програма се состои од архитектонски, градежен и техничко-технолошки дел.

Подготвителни работи

Ги извршуваме сите работи кои вклучуваат подготовка на градилиште, како што се одвоз на шут до депонија, рушење и демонтажа доколку станува збор за постоен објект/градба.

Земјани работи

Вршиме насип/ископ на објект, проценка на стабилност и носивост на почва, технологија на изградба и теренски испитувања на објектот/градбата.

Бетонски и армиранобетонски работи

Вршиме бетонирање на тротоари, бетонски патеки, шахти, бетонски капаци, бетонирање на армирани ѕидови во оплата, без оплата, бетонирање на АБ плоча, АБ темели, вградување на арматура, мрежа, изработка на бетонски пристапни рампи за инвалиди.

Ѕидарски работи

Ѕидање на надворешни фасадни ѕидови, ѕидање на внатрешни ѕидови, ѕидање на парапет на тераси.

Кровопокривачки работи

Изработуваме комплетни и првокласни решенија за покривање на секаков вид на објекти. Обработка на лим, ламперија и керамида од страна на надворешни подизведувачи.

Столарија

Изработуваме надворешна и внатрешна столарија на објект.

Фасадерски работи

Изработуваме фасади по избор на инвеститорот, со фасаден малтер и боја по избор на проектантот.

Лимарски работи

Изработуваме хоризонтални и вертикални олуци на објект, опшивање на фасади, прозорци, врати и завршни опшивки на панели.

Гипсарски работи

Изработуваме маски од гипс картон, облагање со гипс картон, изработка на преградни ѕидови со термоизолација од гипс картон, изведување на гипсарски работи со обичен, водоотпорен и видафил гипс картон.

Малтерисување

Вршиме малтерисување на станбени и деловни објекти со готови малтери со докажан и висок квалитет.

Молерофарбарски работи

Вршиме стругање на ѕидови од постоечки материјали, симнување мрсна боја од површини, глетовање на ѕидови со глет маса, молерисување на ѕидови со поликолор, бојадисување со мрсна боја.

Керамичарски работи

Вршиме набавка на плочки за бањи, кујни, тераси и дворни површини со наша сугестија и препораки.

Подополагачки работи

Ги вршиме сите паркетарски работи, набавка на паркет, редење, стругање, лакирање, бајцовање, поставување лајсни и употреба на квалитетни лакови со висок квалитет.

Водовод и Електрика

Изработуваме водовод и електрика на објект во градба, поставување на инсталации и инсталациони цевки.

Услуги

  • Определување на трошоци на проектот врз основа на буџетот со кој располага клиентот, со што клиентот однапред ја знае цената на проектот во почетната фаза на планирање а не откога понудите ќе бидат предадени во фаза на градба
  • Проектите се завршуваат побрзо и поефикасно споредбено со конвенционалните планови за изработка на проектот
  • Префрлање на одговорност врз изведувачот на објектот, кој треба да гарантира навремена изведба во предвидените рокови, со што се редуцира ризикот за ненавремено извршување на предвидените работи
  • Изведувачот е упатен во проектантскиот процес , добро запознаен со деталите, што резултира со пониски цени и повисок квалитет на градба

ПРОЕКТИ

Во потрага сте по квалитетни станови и професионални градежни услуги?