Виртуелна тура

Business Homes

residence

Во сржта на овој преубав стан дизајниран за комфор со декорација која е резултат на природен и практичен стил, нашите архитекти ја пренесоа естетската елеганција на високо квалитетните производи за екстериер во внатрешноста на станот. Residence – Убавецот од 86m2 со балкон од 10m2 каде можете да сместите Ваша зелена оаза целосно менувајќи го концепт на стандардно живеење со нови современи и фасцинантни форми и материјали.

plus-space

Уживајте во + Space – Првото нешто кое ги поздравува гостите на влезот е импресивна дневна соба од отворен план, која се прелива во трпезариското катче. Функционалните зони во станот се визуелно одвоени и обележани преку различното бојадисување.

Уредувањето е во минималистички модерен стил, претежно во виолетови и сиви нијанси. Заедно со неколку модерни декоративни детали, овој стан од 71m2 се смета за еден од најпосакуваните од страна на женската популација.

ladys-choice

Уживајте во Lady’s Choice – Романтичен, топол и женствен стан од 71m2 кој е создаван со многу трпение и ги исполнува сите барања на модерната жена. Интересните триаголни форми скриени низ деталите дава посебен романтичен изглед кој е како создаден за девојките, а во спалната соба изобилува белата боја и едноставноста.

stan-046

Уживајте во Gentleman’s Choice – Одлична комбинација на индустриски стил со хипстерски детали ги прават посебни овие 70m2. Природните материјали како дрво, камен и стакло совршено се вклопени во амбиентот, а во комбинација со неутралните тонови, црната и зелената боја му даваат изразена машка нота на ентериерот. Во отворен план, креирана е пространа зона во која комуницираат дневната соба, трпезаријата, кујната и ходникот, вклопени во една целина наменета за дневен престој и дочекување гости преку креативни полици за книги кои не само што може да ви помогнат убаво да ги распоредите вашите омилени книги, тие може да ви помогнат и да заштедите на простор. Секоја дневна соба или работна која во себе содржи полица за книги ќе изгледа потопло и поудобно.

stan-045

Уживајте во Joy – Овој стан ја негира едноставноста, редот и рационалноста, а белата и црната боја се премногу неутрални за него, бидејќи во него надвладуваат јаките бои. Пурпурна боја е создадена за несекојдневни и иновативни простори. Акцентот не е ставен на мебелот, туку на формите и деталите. Овој постмодернистички стан од 43m2 е создаден за уживање.

n_RIGHT_NODE_CDA8D35B6972A1458C7D9199ABC3E7C2

Уживајте во High Five – Трособен стан од 66m2 кој ќе ве одушеви со својата едноставност. Неговата уникатност е во текстурите на материјалите кои што се имплементирани. Навидум едноставно и минималистичко, подлабоко катче од облагородени и фини текстури и финиши. Овој стан заслужува чиста петка зарем не?

stan-044

Уживајте во Smart Choice – Овој трособен стан од 53m2 е вистинска оаза. Доколку немате многу средства кои би можеле да ги инвестирате во уредување на домот, набавете детали – и тоа во тиркизна боја, бидејќи таа ќе внесе потребна живост и светлина во овие зимски сиви денови. Тоа може да бидат перничиња за софата, фотелја, украсни чинии, вазна, сет шолји. Добредојдовте во Вашиот тиркизен рај!

stan-040

Уживајте во Win Win – Прекрасен двособен стан од 45m2 за успешни двојки кои уживаат во животот до максимум. Модерниот ентериер со уникатни индустриски елементи и конструкција која преминува во библиотека е она по кој овој ентериер се одвојува од сите останати, боите го смируваат просторот и тој добива завршен изглед кој е полн погодок. Веднаш знаевме дека е добитна комбинација.

stan-042

Уживајте во Heaven – Трособен стан од 55m2 за станари со топло срце. Исполнет е со светлина и колорит. Топлите бои на сонцето со додатни месингови детали е она по кој овој ентериер се одвојува од сите останати и за момент ќе ве однесе во Ваш личен тропски рај, ваша мала Африка.