27
May

Како да го декорирате Вашиот дом со пастелни бои

[stm_post_info]

Како што доаѓаат потоплите денови, така во својот дом треба да го внесете и сонцето и светлината. Време е да им кажете ДОБРЕДОЈДЕ на пастелните бои во Вашиот дом!
Но, да бидеме искрени – не е лесно да ги имплементирате во Вашиот дом, бидејќи може да изгледаат детски или премногу слатко. Затоа ги подготвивме овие мали совети кои ќе Ви помогнат да ја доловите пастелната свежина и да го осветлите Вашиот дом.

Мали детали

Доколку не сте подготвени целосно да се предадете на пастелните бои, воведете неколку мали моменти како што се перници или завеси. Ваква суптилна пастелна нота ги оживува монохроматските соби и им дава карактер.

Пастелни слоеви

Спротивно до суптилна пастелна нота е – ПАСТЕЛНА БОМБА. Оваа спална соба има многу слоеви во пастелни бои. Нежните кремави подтонови на розова и минт боја даваат унифицираност на целата соба. А, така собата од детска станува соба за возрасни.

Игриви патерни

Најлесен начин да внесете пастели во Вашиот простор е преку флорални мотиви, пејзажи или други интересни мотиви. Мал трик – користете комплементарни бои кои ги има во патернот и воведете ги и во другите делови од собата за кохезивност.

Топли тонови

Еден начин да се осигурате дека Вашата соба нема да потсетува на детска е да користите топли пастелни тонови. Бебешки розовата боја изгледа поубаво кога е искомбинирана со неутрална кремава боја (боја на кожа) отколку балетски розова боја. Небесно сината боја изгледа „повозрасно“’ отколку бебешки сината, а сепак го остава истиот силен впечаток.

Не ги заборавајте додатоците

Додатоците и садовите за јадење се идеални за да воведете пастелни бои. Поставете ленени чаршави и чаши, или бели салфети со пастелен вез кои се особено елегантни. Овие додатоци ќе додадат игрива нота на масата, а сепак целата декорација ќе остане класична.

Не ја заборавајте терасата

Инспирирајте се од природата и употребете нежни зелени и сини бои во Вашето надворешно царство. Комбинирајте ги двете бои и ќе добиете преубави тонални моменти кои ќе и дадат карактер на терасата. Ако Вашата тераса е мала или опкружена со други згради, овие бои ќе Ви помогнат да создадете Ваше мало царство кое фигуративно ќе Ве транспортира во позелени краишта.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]