29
May

Како да ја направите совршената ѕидна галерија

[stm_post_info]

Какви галерија може да направите?

Симетрична галерија

Чисти и прави линии кои ќе им ја стоплат душата на оние кои преферираат ред и традиционалност. Ритамот создава поформален изглед кој одлично ќе се вклопи и во модерен и во традиционален простор. За успешно да ја изведете оваа галерија, внимавајте да оставите исто простор меѓу секоја слика.

Правоаголна галерија

Трикот е целата галерија да изгледа како квадрат или правоаголник. Тоа бара внимателно планирање, а доколку сакате да вметнете ново парче подоцна, ќе треба повторно да ја разместувате галеријата.

Подредени по горниот дел

Овака наредената галерија има дефинитивна линија која природно го води окото, со што ниедно парче не е занемарено.

Подредени по долниот дел

Споротивно од претходната галерија, елементите се подредени по права хоризонтална линија по долниот дел.

Хоризонтална или вертикална линија

Стартна точка за градење на галеријата е хоризонтална или вертикална линија, а потоа може да ја надградувате од страните. Оваа галерија е убаво балансиран аранжман кој Ви дава слобода да го дополнувате без да ја нарушите рамнотежата.

Аголна галерија

Доколку просторот на ѕидот Ви е ограничен, искористете го и соседниот ѕид.

Галерија во слободен стил

Иако изгледа лесно, сепак треба план за да се постигнетој спонтан изглед. За полесно да ја наредите галеријата, поставете едно централно парче и надградувајте.

Откако одлучивте каква форма би сакале да биде Вашата галерија, време е да погледнете и неколку идеи за перфектна комбинација која би го красела Вашиот ѕид.

Мултимедиа

Пуштете ја Вашата креативност на слобода, но немојте ништо да правите без план бидејќи може да изгледа хаотично. Направете шаблони од весници и залепете ги на ѕидот. Така ќе можете да си играте со опциите и да ја изберете таа што најмногу Ви одговара.

 

Монохроматска галерија

Добијте кохезивен изглед со тоа што ќе користите уметност, фотографии  и принтови во слични тонови. Изберете рамки во слична големина да направите галеријха со прави агли или рамки во различна големина за да направите галерија во слободен стил.

Галерија со тематски слики

Направете галерија со парчиња кои се поврзани тематски. Тоа би можело да биде цвеќе, парчиња инспирирани од Азија или било која тема за која сте врзани емотивно.

Галерија со предмети

Во последно време е во тренд место фотографиии и уметност. Може да искористите разни предмети кои Ви будат сеќавања.

Неколку насоки за тоа како перфектно да ја уредите Вашата галерија

Нека сите елементи Ви бидат на исто растојание и обидете се средината на колекцијата да остане на ниво на очите.

Мерете два пати, заковајте еднаш.

Исечете шаблони од весници и поставете ги ги на ѕидот или едноставно наредете ги на земја.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]