01
Jun

Филмски градини кои ќе Ве воодушеват

[stm_post_info]

Филмовите се секогаш извор на инспирација за внатрешно уредување, но сигурно сте ги забележале и прекрасните градини како од бајка. Може да се рече и дека дел од шармот на тие филмови се тие чудесни градини. Љубители на природата – погледнете ги овие филмови!

Little Women (2019)
Иако оваа адаптација на популарниот роман се одвива околу растењето на скромните девојки, париската резиденција каде што престојуваат е се освен скромна. Со елегантни тревници и романтични клупи, оваа фанастична градина е предвесник на иднината на ова шармантно семејство.

Pride and Prejudice (2005)
Без разлика која верзија ја сакате, сите се согласуваме дека градините на г. Дарси од верзијата од 2005 година се апсолутни воодушевувачки. Ротондата е идеална место да седнете и да тажите за невозвратена љубов.

It’s complicated (2009)
Оваа романтична комедија е веќе позната побеспрекорната кујна, но никако не смееме да ја заборавиме и перфектната градина која ја надополнува атмосферата.

Downton Abbey (2019)
Да, сите ја знаеме серијата и нејзините преубави ентериери, но во филмската адаптација од 2019 година може да се воодушевувате на до перфекција средената градина. 

Edward Scissorhands (1990)
Овој филм, покрај рацете-ножици на Џони Дип, познат е и по необичните структури од жива ограда. 

The Favourite (2018)
Овој филм не е типична англиска драма, а нема да останете рамнодушни ни на преубавата жива ограда и луксузни англиски тревници. Градина како од сон.

Atonement (2007)
Секој филм сместен во периодот пред втората светска војна во Лондон ветува убави пејсажи, а беспрекорните градини кои се прикажуваат во овој филм се визуелно бегство од губитокот и измамата кои се провлекуваат низ заплетот.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]