02
Jun

Вистинските прашања кои треба да ги поставите при купување на стан

[stm_post_info]

Дали планирате да купите нов стан, но помислата на тоа Ве плаши?

Процесот на купување на стан бара добро да размислите и да ги соберете вистинските информации, а за тоа треба да ги поставите вистинските прашања.

Две фази се суштински пред да донесете одлука – иницијалната средба со продажниот агент и посетата (состанокот на кој што ќе го видите станот).

Еве кои прашања треба да ги поставите на Вашиот агент за да ја добиете целосната слика околу Вашиот стан.

Иницијална средба

Откако сте се одлучиле дека сте заинтересирани за некој стан – Ви одговара квадратурата и се наоѓа токму во таа населба каде што би сакале да живеете – првото што ќе направите е да се јавите на агентот за прродажба. Што да го/ја прашате?

  • Генерална состојба – дали објектот е во изградба? До која фаза е и кога ќе биде вселив?
  • Осветлување – која е ориентацијата на станот? Колку прозорци има и која е нивната големина?
  • Дали има и гаража и подрум?
  • Што се наоѓа во близина на објектот – училишта, играчишта, трговски центри, спортски сали…
  • И секако – цената.

За време на посетата

Доколку Ви се допаднало тоа што Ви го кажал продажниот агент, следниот чекор е го видите станот.

Што треба да внимавате?

  • Пристигнете малку порано пред закажаното време – тоа ќе Ви даде можност да ја разгледате околината.
  • Разгледајте го распоредот на собите, но не ги заборавајте и деталите како штекери, прозорците, поставеност на климите и сл.
  • Поминете време во станот, или посетете го објектот во различна доба од денот за да видите како ќе се чувтствувате.
  • Размислете дали се вклопува во Вашата замисла – дали сакате голема кујна, но дневната не Ви е толку важна? Сакате поголема тераса бидејќи сте љубители на цвеќињa, но многу малку време поминувате во спалната соба? Секогаш земајте ги предвид Вашите навики за да го купите Вашиот иден дом.

Elena Luka Home секогаш се грижи за Вас да го најдете Вашиот идеален дом. Во новиот објект FUTURA во населбата Кисела Вода можете да го најдете станот кој одговара на Вашиот карактер и начин на живот. За информации јавете се на 071/415-094 и 02/310-3816.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]