4 грешки кои сите ги прават при купување на стан
Сакате да купите стан, но се плашите да не направите некаква грешка?
Станот е вистинска инвестиција на време и пари, па затоа е важно да го имате предвид секој детал пред да се решите да го купите.
Нашите агенти за продажба имаат големо искуство зад себе, па затоа ги прашавме кои се најчестите грешки кои се прават при купувањето на стан и како да ги избегнат за да бидат среќни и задоволни со својот избор.
1. Немате јасна идеја за своите финансии
Оваа грешка е многу почеста отколку што мислите, затоа што често луѓето не ни знаат од каде да почнат. Изборот на станови е голем и се случува да се „заглавите“’ во изборот на квадратури, локација и сл. Но, мора да расчистите со Вашите финансии уште пред да почнете со потрагата, за да не Ви се случи да се „заљубите“ во некој стан, а да немате доволно средства за него. Секогаш земете го предвид и внатрешното уредување – не би сакале да седите во празен стан долго време.
Сите банки на своите веб страни имаат калкулатор на кредити, па лесно ќе може да ја одредите месечната рата и лесно ќе може да испланирате.
2. Не ги знаете Вашите приоритети
Убаво е да имате критериуми и одредени очекувања, но верувајте дека е навистина комплицирано да најдете стан кој ќе ги исполни сите Ваши желби. Честа грешка е да очекуватре дека ќе го најдете Вашиот стан од соништата, кој ќе ги содржи сите елементи кои ги посакувате или сте ги виделе на Pinterest.
За да биде поефективна Вашата потрага, одлучете кои се Вашите приоритети – односно што е тоа што МОРА да го има Вашиот стан. Тоа може да бидат финансиите, големината на дневната, присуство на тераса, ориентација на станот, локацијата – што е тоа без што не можете, а за што може да направите компромис.
3. Не ги земате предвид реновањата и поправките
Честопати се заборава дека во станот, особено ако веќе имал сопственик, ќе бидат потребни одредени корекции и поправки. При потрагата за идеалниот стан, имајте предвид дека за да го претворите во Вашиот идеален дом ќе треба да го реновирате – па затоа барајте ги основните елементи кои потоа ќе може да ги надградите. Затоа секогаш со Вас нека дојде архитект или барем некој кој има познавање.
Доколку се одлучите Вашето гнездо да го свиете во еден од објектите на Elena Luka Home, треба да знаете дека ќе имате 2 години гаранција на станот, и нашата екипа за санации ќе одговори на секој Ваш повик за поправка. Нашиот искусен и професионален тим на архитекти е секогаш подготвен да Ви помогне доколку сакате одредени измени при градба – се со цел да го добиете Вашиот иден дом од соништата.
4. Не ги читате документите
Секогаш читајте што купувате – само тогаш ќе бидете сигурни кои се Вашите права и обврски. Нашиот професионален Elena Luka Home правен тим е секогаш на располагање и со задоволство ќе Ви ги објасни сите детали кои Ве интересираат.
Целта на Elena Luka Home е да го подигне квалитетот на живот со своите иновативни објекти во кои се искористени најквалитетните градежни елементи. Нашите агенти за продажба грижливо ќе Ве водат во купопродажниот процес за Вашиот иден дом. Се што треба да направите е да се јавите на 071/415-094 и 08/310-3816.
Нашиот нов објект ФУТУРА ги нуди совршените квадратури и распоред за да може да ја започнете Вашата ИДНА авантура. Погледнете го објектот ТУКА.