09
Jun

Футуристички детски соби како од сон

[stm_post_info]

Детството е едно преубаво време од нашиот живот и секогаш со задоволство се навраќаме на спомените. Децата ја имаат таа слобода да се изразуваат како што сакаат, да трчаат колку што сакаат и да го истражуваат светот. Зошто да не ја разбудите нивната креативност преку декорација на нивната соба? Токму ова ќе им дозволи на Вашите деца да се развивајат во исполнети индивидуи кои, иако возрасни, нема никогаш да го изгубат детето во себе.
Децата ја сакаат вселената и sci-fi футуристичките теми бидејќи ја скокоткаат нивната фантазија, можат да замислуваа нови светови и нивниот ум да лута на неверојатни места. Таа е универзална тема – и за момчиња и за девојчиња. Сите се сеќаваме кога бевме мали, една од најголемите желби ни беа флуоресцентните ѕвездички кои ги лепевме на таванот и го гасевме светлото за да светат во темнината.
Но, денес има многу детски украси, а и евтини идеи со кои може да ја украсите детската соба со футуристичка тематика.

Можете едноставно на таванот да го закачите соларниот систем или да прикачите табла на еден ѕид од собата и со креда да ги нацртате соѕвездијата. И Вашето дете ќе може да учествува во процесот. 

На интернет постојат многу места од каде што може да симнете разни постери кои уште повеќе ќе доловат ,,футуристичка’’ атмосфера.

Во продолжение разгледајте ги фотографиите кои сигурно ќе Ве инспирираат да ја преуредите детската соба.

Нашиот нов ексклузивен станбено-деловен објект ФУТУРА дизајниран од нашите архитекти денес, може да живее уште 100 години и да ги раскажува и прераскажува приказните од минатото, а истовремено и да ја обликува иднината.

Кога ќе ја здогледате ФУТУРА секако нема да останете рамнодушни. Објектот во целото свое здание со својата форма и фасада укажува на брзина, на динамичност, на движење. Истата таа динамичност ФУТУРА ја има и во себе, провлекувајќи се во секој кат, во секој стан, во секоја соба. Секој дел од објектот е искористен и функционален, идеален за едно модерно и динамично семејство. За повеќе информации, обратете се на 071/415-094 и 02/310-3816.

 

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]