Блог

Футуристичката декорација ни дозволува да патуваме во иднината – онака како што ние ја замислуваме. А овој ентериер е токму тоа – патување во иднината кое ги истражува сите кралства на фантазијата, и тоа онаа која е својствена за децата. Овој простор ќе Ви дозволи повторно да го доживеете детството и ќе Ви покаже дека тоа што сте возрасни не е ограничување, туку само нов начин на кој можеме да ја искажеме нашата креативност.

Целиот концепт се карактеризира со светли бои, како што се розева и виолетова и црпи инспирација и од 60-те и 70-те. Додека ги гледате фотките веруваме дека просторот ќе Ве потсетува на шеќерна волна и мастики за џвакање, но со авангардна нота. Дури и ќе го чувствувате нивниот мирис.
Играта со асиметрични нишки и волумени му дава на просторот бескрајна длабочина, со што визуелно го проширува просторот.

Во нашиот нов екслузивен објект FUTURA, ќе најдете станови кои ќе ги задоволат сите Ваши секојдневни потреби, но и ќе ја заскокоткаат Вашата креативност и ќе ја разгорат Вашата фантазија. Затоа што станот е повеќе од место за живеење, тоа е простор во кој ќе се искажете себеси и ќе им помогнете на Вашите деца да израснат во исполнети индивидуи кои знаат што сакаат. FUTURA може да ја погледнете тука, а нашиот стан Krypton од 44 м2 може да го погледнете тука. За повеќе информации јавете се на 071/415-094 и 02/310-3816.

Author: maja.avramcevska