Блог

Дигиталното студио Bakken & Bæck вложува многу во нивните вработени и цврсто веруваат дека околината игра огромна улога во продуктивноста, но и во среќата на своите вработени. Затоа се обратија кон едно дизајнерско дуо Bjarne and Astrid Kvistad кои внесоа многу неочекувани елементи од ретро футуризмот во нивните канцеларии во Осло и Амстердам. А нивната тема е – Скандинавско вселенско летало, каде што ги комбинираат практичноста на скандинавскиот стил и естетиката на ретро футуризмот. 

Инспирирани од азурната рамна површина, го превитале просторот во Нордиска сина боја, додавајќи контрасни бои кои додатно го прават просторот игрив. Изненадувачки детал се килимите поставени на некои од ѕидовите и килимите како декорација на друг дел од ѕидовите. Потоа избрале мебел со тенки ногарки за да изгледа дека лебди во просторот. Навистина убав простор кој ги задоволува и практичните и естетските потреби на вработените.

Нашиот најнов модерен објект FUTURA има деловен простор кој ги задоволува сите потреби за еден бизнис.  Со својата нагласена височина и беспрекорен дизајн, тој е одличен за комерцијално-деловни содржини. Гледа накај главниот булевар Б. Трајковски што овозможува непречена комуникација со минувачите и околината. Големите стаклени површини овозможуваат проток на природна светлина, правејќи го овој простор идеално место за Вашиот бизнис. Информирајте се на 071/415-094 и 02/310-38169.

Погледнете ги канцелариите во Осло.

А еве ги канцелариите и во Амстердам.

Author: maja.novakoska