Блог

Кога ќе зачекорите во овој хотел ќе се најдете себеси во една друга, паралелна димензија каде што нема прави линии и се е розево и заоблено.
Ова е првиот музички хотел во Европа nHow во Берлин и е дизајниран од Карим Рашид, кој се смета за најпознатиот industrial дизајнер во сите Америки, а неговата уметност честопати се граничи со кич. Меѓутоа, овој уникатен хотел навистина воодушевува со своите футуристички форми и употреба на иновативни материјали и розеви тонови.
Освен тоа, вградени се и многу додатоци кои се потребни, како што се iPod докови, секој лифт има посебна боја и музичка тема. Но, иако се користат интензивни бои, ниедна не Ви ги боде очите и е во хармонија со остатокот од хотелот. 

Во собата за појадок сигурно нема да го започнете денот како и обично. Во средината на собата има голем розев заоблен дисплеј, а масите и столовите се во функционална сива боја. На ѕидовите имам поп арт постери од ѕвезди како Џони Дип и Мајка Тереза.
Ресторанот Fabrics е вистинска експлозија од бои и секој детал, до чиниите е испланиран. Доминантни бои е фуксија и минт со ненонска зелена.

Барот Envy е како од филм – златно лице кое виси над барот со одговарачки златни столови. 

Погледнете ги сликите за да ја доловите футурустичката атмосфера на овој уникате дизајнерски хотел кој е вистинско задоволство за сите креативци.



Деловниот простор на ФУТУРА со своите 317м², нагласена височина и беспрекорен дизајн е ексклузивен и како таков е одличен за комерцијално-деловни содржини.Со поглед кон главниот булевар, Б. Трајковски, овозможува непречена комуникација со минувачите и околината. Големите стаклени површини овозможуваат проток на природна светлина, правејќи го овој простор идеално место за Вашиот бизнис со загарантиран успех.

#FUTURA – The future is here! 🚀

За повеќе информации контактирајте нè на 📱071415094, ☎️ 023103816 или 📧 contact@elenalukahome.com

Author: maja.novakoska