Блог

Секој кој барем еднаш бил сведок на аурора, ќе ја памети до крајот на животот. Древните грчките поети го користеле ова име како метафора за зората, честопати споменувајќи ја како игра на небото.

Токму Вие кои ќе ја изберете Futura 5.3 Aurora 60м² – трисобен стан со голема дневна соба, спална и детска, ќе живеете во овој совршено природен феномен. Нијансите на зелена, жад, смарагд, како и азурните нијанси кои зрачат со пријатна енергија ќе бидат вистинска хармонија за Вас и Вашето семејство. Големината на дневниот престој и неговата отвореност со трпезарија е зенот и главен фунционален простор кој Ви е најпотребен за да се чувствувате исполнето и среќно. Малата интимна тераса е само потсетник на Aurora и Ваше катче кон отвореното небо.

Со детално искористена квадратура, со силен карактер на природата и со спокој за кој вреди да се живее, Aurora е идеален избор за сите семејства и нивните дечиња кои треба да растат во вакво окружување.

Нашите агенти со задоволство ќе Ви ги кажат сите детали во врска со овој, но и со другите достапни станови од нашиот најнов ексклузивен станбено-деловен објект FUTURA кој се наоѓа во населбата Кисела Вода. Исконтактирајте не на 071/415-094 и 02/310-3816, на нашиот email contact@elenalukahome.com или преку социјалните мрежи.

Author: maja.novakoska