Блог

Футуризам – овој правец честопати е „осудуван“ како ладен, недостапен правец. Но, вистината е дека футуризмот е навистина креативен и практичен правец. 

За да го уредите својот дом во оваа насока, почнете со тоа што ќе го замислите како вселенско летало – минимален декор, разновидност и строгост до одреден степен. Футуризмот е префериран начин на декорација на личностите кои се динамични и прогресивни. Иако е строго утилитаристички, сепак удобноста и топлината се пристутни. Доколку сѐ уште не сте убедени дека футуризмот е за Вас, сепак може да вметнете ситни детали и елементи во домот кој ќе го направат модерен. Помислете и на т.н Smart домови, бидејќи тие се како излезени од иднината. 

Футуристичките домови всушност се олицетворение на нашите соништа за далечната иднина. Редот кој што го диктира овој правец значи дека е доказ дека сте прогресивна и храбра индивидуа. 

За да започнете да го уредувате Вашиот дом во овој манир, обидете се да ги купите најмодерните уреди т.н Smart уреди. Уредите кои ги користите во кујната имаат модерна, футуристичка варијанта.
Речиси секогаш основата (ѕидовите) се во бела и друга светла боја која е разбиена со акценти во интензивна, жива и необична боја како жолта, виолетова. Но, никогаш не претерувајте со овие акценти, сепак треба да изгледа чисто. Бидете практични, но бирајте необични геометриски дизајни. Модуларен мебел, заоблени и необични форми (правите линии кои владеат со минимализмот тука исчезнуваат), материјали како пластика и метали и сите нови, инвентивни материјали – ова се елементи кои лесно можете да ги внесете во својот дом и да ги комбинирате со другите стилови. Футуризмот во внатрешното уредување е практично и концизно комбинирано со оригиналност. Токму затоа овој правец дозволува да ја истакнете Вашата индивидуалност и да му даде силен карактер на Вашиот простор. 

Еве неколку едноставни правила кои лесно може да ги следите за Вашиот дом да влезе во иднината.

  • Минимум декор – декорирајте ги ѕидовите само со оригинални фотографии или апстрактни слики
  • Неутрална позадина со светли акценти – акцентите не мора да бидат во некоја луда боја. Тоа може да бидат бели и црни детали на сиви ѕидови, зелени или црвени елементи на црна позадина и сл.
  • Нови форми на мебел, тоа може да биде необично столче или фотелја
  • Пластични детали и украси 

Да заклучиме:

Футуризмот ќе Ви овозможи свеж, необичен и светол дом во кој често ќе бидете инспирирани. Самите детали ја раздвижуваат Вашата креативност. Секогаш ќе гледате храбро во иднината.

Author: maja.novakoska