Блог

Футуризмот се поистоветува со иновативност, креативност и визија за иднината – а дизајните на позната архитектка Zaha Hadid го отсликуваат токму тоа. Таа е првата жена која ја има добиено наградата за архитектура Pritzker во 2004 година. Многумина ја сметаат за визионер кој ни дава поглед во архитектурата на иднината. 

Таа е мајката на неофутуризмот со објекти со остри агли и диви форми. Погледнете ги нејзините неверојатни објекти и полетајте кон иднината.

Лондонскиот Акватички центар

Ова ремек дело е направено да го имитира движењето на водата, а со својата елегантна геометрија и фасцинантни кривини се издвојува од околината.

Heydar Aliyev Center, Азербејџан

Овој необичен објект кој се наоѓа во Баку го има ревитализирано градот. Неговата убер модерна форма и иновативен дизајн му даваат на градот урбана и современа атмосфера. Флуидниот дизајн кој изгледа како да излегува од околината има стаклена фасада за природна вентилација.

Центар за изведувачки уметности, Абу Даби

Овој објект е вистинско уметничко дело. Оваа 10 катница изгледа како гранка која ползи кон морето и се состои од комплексен систем на патеки кои му даваат неверојатен изглед.

Централната зграда на BMW, Германија

Оваа маркантна зграда е добитник на наградата RIBA во 2006 год. Нетипична за работата на Хадид, фасата е како нервен центар или комуникациски јазол поттикнувајќи го целото движење околу производствениот комплекс низ просторот што ги надминува конзервативните просторни поделби.

Author: maja.novakoska