Архитектура и висока мода – спој на две уметности
Модата и архитектурата работат со различни материјали – модата е минлива, а архитектурата трајна – но, тоа што ги поврзува е креативноста и пропорциите. Затоа, често пати модните дизајнери се инспирирани од воодушевувачките бетонски зданија кои се уметност во која може да живееме.
И дизајнерите и архитектите употребуваат геометрија за да создаваат форми, креираат структура, дизајнираат линии и облици. Модата облекува тела, а архитектурата места.
За оваа бесконечна поврзаност меѓу архитектурата и модата, познатата Коко Шанел рекла ,,Модата е архитектура. Се е во пропорциите’’.
Спојот меѓу модата и архитектурата се чини дека е насекаде околу нас. Оваа игра еволуира на иновативни, неочекувани и храбри начини, кои често може да ги забележите во излозите на брендовите, колекциите, објектите и модните ревии. Од една страна е архитектот кој мора да најде начин неговиот објект да се истагне и да трае, а од друга страна е модниот дизајнер кој мора да дизајнира облека која ќе одговара на телото. Пјер Балмејн, францускиот моден дизајнер рекол ,,Правењето на облека е архитекура на движењето’’.
Многу модни дизајнери ги адаптираат формите од архитектурата на човековото тело, како што се Hussein Chalayan, Issey Miyake, Iris van Herpen, Gareth Pugh, Alexander McQueen, Rei Kawakubo and Junya Watanabe. Но, и многу архитекти Zaha Hadid, Thomas Heatherwick, Rem Koolhaas and Frank Gehry ги плетат, набираат и завиткуваагт градежните материјали како да се ткаенина. Не може, а да не ги споменеме и Gianfranco Ferré и Virgil Abloh.
Денес и модата и архитектурата се транформирани од чудото на модерното време – интернетот, па често пати дизајнерите се здружуваат со архитектите и создаваат ,,инстаграмџиски’’ модели кои се изложени во ,,инстаграмџиски’’ простории. Синергијата меѓу модата и архотектурата е видлива секаде околу нас – архитектурата ни дава простор каде пто работиме и живееме, а високата мода – нослива уметност.
Погледнете го овој неверојатен спој на овие 2 уметности.