Блог

Модата и архитектурата работат со различни материјали – модата е минлива, а архитектурата трајна – но, тоа што ги поврзува е креативноста и пропорциите. Затоа, често пати модните дизајнери се инспирирани од воодушевувачките бетонски зданија кои се уметност во која може да живееме. 

И дизајнерите и архитектите употребуваат геометрија за да создаваат форми, креираат структура, дизајнираат линии и облици. Модата облекува тела, а архитектурата места. 

За оваа бесконечна поврзаност меѓу архитектурата и модата, познатата Коко Шанел рекла ,,Модата е архитектура. Се е во пропорциите’’. 

Спојот меѓу модата и архитектурата се чини дека е насекаде околу нас. Оваа игра еволуира на иновативни, неочекувани и храбри начини, кои често може да ги забележите во излозите на брендовите, колекциите, објектите и модните ревии. Од една страна е архитектот кој мора да најде начин неговиот објект да се истагне и да трае, а од друга страна е модниот дизајнер кој мора да дизајнира облека која ќе одговара на телото. Пјер Балмејн, францускиот моден дизајнер рекол ,,Правењето на облека е архитекура на движењето’’.

Многу модни дизајнери ги адаптираат формите од архитектурата на човековото тело, како што се Hussein Chalayan, Issey Miyake, Iris van Herpen, Gareth Pugh, Alexander McQueen, Rei Kawakubo and Junya Watanabe. Но, и многу архитекти  Zaha Hadid, Thomas Heatherwick, Rem Koolhaas and Frank Gehry ги плетат, набираат и завиткуваагт градежните материјали како да се ткаенина. Не може, а да не ги споменеме и Gianfranco Ferré и Virgil Abloh.

Денес и модата и архитектурата се транформирани од чудото на модерното време – интернетот, па често пати дизајнерите се здружуваат со архитектите и создаваат ,,инстаграмџиски’’ модели кои се изложени во ,,инстаграмџиски’’ простории. Синергијата меѓу модата и архотектурата е видлива секаде околу нас – архитектурата ни дава простор каде пто работиме и живееме, а високата мода – нослива уметност. 

 

Погледнете го овој неверојатен спој на овие 2 уметности. 

Зградата Hearst во Сан Франциско и геометриски фустан SS09 Gareth Pugh
Зградата Hearst во Сан Франциско и геометриски фустан SS09 Gareth Pugh
Огледало фустан, Haute Couture Spring 2013  Iris van Herpen и зградата огледало во Дизелдорф,  Frank Gehry
Огледало фустан, Haute Couture Spring 2013 Iris van Herpen и зградата огледало во Дизелдорф, Frank Gehry
Сребрено кожно здолниште со остри агли, чисти набори и патерн од префорирани линии  SS14  Issey Miyake и Гугенхајм Музејот
Сребрено кожно здолниште со остри агли, чисти набори и патерн од префорирани линии SS14 Issey Miyake и Гугенхајм Музејот
Плисиран фустан од доцните 80-ти,  Issey Miyake и Hongkou Soho, Шангај, Kengo Kuma
Плисиран фустан од доцните 80-ти, Issey Miyake и Hongkou Soho, Шангај, Kengo Kuma
KTZ SS13 и замокот Sammezzano Leccio во Регело, Италија
KTZ SS13 и замокот Sammezzano Leccio во Регело, Италија
Laura Biagiotti, SS12 и Кривата кула во Пиза
Laura Biagiotti, SS12 и Кривата кула во Пиза
Iris van Herpen AW16 и Музејот на Европската и Медитеранската цивилизација во Марсеј, Rudy Ricciotti
Iris van Herpen AW16 и Музејот на Европската и Медитеранската цивилизација во Марсеј, Rudy Ricciotti
Iris van Herpen Spring 2017 и Aqua Tower, Чикаго, Studio Gang Architects
Iris van Herpen Spring 2017 и Aqua Tower, Чикаго, Studio Gang Architects
Chloé Summer 2016 и арапска архитектура
Chloé Summer 2016 и арапска архитектура
Milly SS16 и зградите на Zaha Hadid
Milly SS16 и зградите на Zaha Hadid
Philip Lim и куќите на макесиканскиот архитект Luis Barragán во Мексико Сити.
Philip Lim и куќите на макесиканскиот архитект Luis Barragán во Мексико Сити.
Author: maja.novakoska