Блог

Magma post day 02
Perspektiva_1-2

Магмата со својата голема енергија и моќ предизвикува вулкански ерупции. Овој стан со своите 60 квадрати во себе содржи енергија која секојдневно ќе ја разгорува креативната и активна нишка во Вас. Па така, ниту еден ден нема да Ви биде ист како претходниот.

Комбинацијата на сива и огнено портокалова боја е енергична, и чувствувате како во Вас се акумулира енергија за да ги постигнете сите работи кои што сте ги посакувале – исто како што магмата со своето движење го предизвикува вулканот да еруптира. #Futura 5.4 Magma 60м² е иделен стан за семејство со силен карактер, стан кој ја почитува индивидуалноста и на одличен начин ја отсликува енергијата на секој станар. Големата дневна соба ќе биде место за заеднички дружења, а терасата со поглед кон падините на Водно за уживање во залезот на сонцето.

Author: maja.novakoska