Блог

Користење модерни и материјали со врвен квалитет е еден од водечките постулати во работењето на Elena Luka Home. Се проткајува како врзувачка нишка низ сите фази во формирањето на домот од соништата.

Кога е во прашање изгледот на бањата, впечатокот што стручните лица на компанијата го понесоа од саемот „Cevisama“ во Валенсија, а го пренесоа и имплементираа дома е дека водечки тренд во светот се бањи уредени во една боја, додека пак разиграноста на просторот се постигнува со текстура.

Токму тоа е естетиката која Elena Luka Home ја овозможува во сите станбени еденици од комплексот Connect 5. Бањите се опремени со плочки од реномиран и докажан шпански бренд, изработени од првокласна шпанска керамика, а ексклузивно достапни во понудата на Elena Luka Home.

За привлечниот изглед на бањата, архитектите прават совршен баланс на два типа декор, со суптилна текстура, во комбинација со еден регуларен тон, а сите во бела нијанса, со мат ефект. Во зависност од типот на бањата, стручниот тим овозможува предлог решенија со кои ќе добиете бања со безвременска естетика.

Бањата е окарактеризирана во една боја, но текстурата на основната плочка и дополнителните две текстури ја прават необична, интересна, трендовска, но истовремено безвременска, токму поради нејзината неутралност.

И токму тоа е една од најголемите предности во актуелниот тренд кој ја спојува класиката и модерното. Монохроматскиот тон овозможува визуелно зголемување на просторот, но истовремено можност со деталите и останатите елементи, на бањата да ѝ дадете и свој личен печат.

Белата нијанса и овој софистициран, минималистички изглед, што во преден план ја става чистата форма, се како бела хартија на која можете да испишете своја приказна, а која може да има рустична, винтиџ, модерна, елегантна и каква и да посакате естетика.

Сите овие сегменти го прават овој избор на Elena Luka Home одличен, бидејќи добивате бања чиј изглед и години подоцна ќе биде во тренд и кој нема да посакате да го смените.

Author: maja.avramcevska