Блог

Кој вели дека стан со мала квадратура не може да биде уреден со стил? Овој стан од 50м2 од Лвив, Украина, успева да биде практичен, а во исто време модерно уреден. Само погледнете ја дневната соба која успева да има трпезариска маса за четворица и удобна софа за седење. Зад софата има цвеќиња кои служат да се подели просторијата без да го има она чувство на натрупаност.

Овој лустер е бунтовна нота со својата големина во овој стан. Тој е централната точка во просторот, но дали може да кажете дека не припаѓа или дека е премногу?

Скандинавскиот стил е вистински избор ако сакате да заштедите на простор, а оваа трпезариска маса е вистински пример за тоа.

Целосно е искористен вертикалниот простор во кујната со три реда на полици.

Под растенијата зад софата се наоѓаат полици со тркала со книги. Од спалната може да се види големо огледало кое визуелно го зголемува просторот.

Ѕидот на спалната во виолетова боја дава топлина на просторот.

Вградените плакари се идеално решение да заштедите на простор.

Дрвениот панел на кадата и на лавабото, како и корпите од ратан и даваат топлина на белата бања.

Во нашиот нов објект FUTURA може да го најдете Вашиот нов дом од 44 м2. Исполнети со светлина, со целосна искористеност на просторот запознајте се со Krypton 44m2 и Monnwalk 44m2.

За повеќе информации контактирајте нè на
📱071415094,
☎️ 023103816 или
📧 contact@elenalukahome.com

Author: maja.avramcevska