Блог

Пандемијата влијаеше многу врз сите делови од нашиот живот, а домашниот простор не е исклучок од тоа. Се’ повеќе луѓе ги минуваат деновите во своите домови, па со тоа се јави и потребата за преуредување. Еве неколку трендови кои веруваме дека ќе бидат насекаде во оваа нова и надежна 2021 година.

Pantone боите за 2021 – Ultimate Gray и Iluminating

Ова е втор пат како Pantone Color Institute прогласува 2 бои на годината. Ultimate Gray е смирувачка боја која потсетува на бетонски темели и камчиња на плажа, а Iluminating е светло жолта боја која ни влева надеж – потсетува на топол сончев зрак, сладок колач со лимон и ни буди весели чувства. Затоа не двоумете се да внесете неколку детали во Вашиот дом.

Во тие тонови може да видите предлог уредување на стан Sputnik од 39 м2 во нашиот најнов објект Futura, чии темели беа неодамна поставени. 

Собни растенија

Ова е тренд кој се провлекува веќе неколку години, а има и зошто. Растенијата го освежуваат воздухот во домот, ја носат смирувачката енергија на природата во просторот, а со добро избрана саксија може да изгледа и како мало уметничко дело. А, бонус е тоа што грижата за нив смирува и е еден вид медитација.

Водејќи се од овие бенефити, нашите архитекти го развија внатрешното уредување за станот Flora 57m2 во објектот Futura. Смирувачки амбиент каде што просторот е целокупно исполнет и во кој ќе го најдете својот мир во ова хаотично секојдневие.

Геометриски форми

Мебелот со геометриски форми му дава драма и карактер на просторот. Тој  не’ потсетува на футуризмот, на надежта за посветла иднина, на вечната промена. По овие принципи е осмислен нашиот објект Futura во населбата Кисела Вода – исполнет со природна светлина, за свет кој секогаш се движи и се менува.

2021-home-trends-geometry-1607366658

Кариран дезен

Карираниот дезен потсетува на удобност, на дом, на традиција. Вметнете неколку детали со овој принт, ќебе, декоративно перниче, чаша… Веднаш ќе се смени атмосферата во Вашиот дом, а и одлично ќе изгледа на Вашите инстаграм фотки.

Земјени палети и текстури

Тоа значи многу ратан, природни материјали, неутрална кафена боја во комбинација со сива, но и нијанси како маслинесто зелена и длабока портокалова боја. Делува смирувачки, а може да додавате детали кои ја истакнуваат Вашата индивидуалност без да се наруши рамнотежата.

Author: maja.avramcevska