Блог

Откако ги видовме општите тенденции во внатрешниот дизајн за 2021 година, да ги разгледаме трендовите во уредување на бањата. Бањата е едно од најинтимните места во домот, таму си посветуваме време на себе (a, правиме и еден куп инстаграм фотографии).

Трендовите за внатрешно уредување не се менуваат толку често, за разлика од модните трендови, па зошто, доколку ја уредувате бањата, не би била модерна?

Плочки во боја – откако подолго време „владее“ бањите во бела боја, на сцена доаѓаат плочките во боја. Затоа изберете ја Вашата омилена боја и започнете веднаш.

Флора и фауна – доколку не сакате да правите големи и скапи промени во бањата, направете простор за некое растение и украс со животински мотиви, кои ќе внесат вистинска свежина и разиграност.

Мермер – што повеќе, толку подобро – вели овој нов тренд. Но, доколку не сакате до толку да се држите до овој тренд, може да декорирате со разни додатоци за бања со тој дезен.

Црно-бел под – добропознатата игра на бела и црна боја повторно е во мода.

Тепих наместо простирка за бања – внесува топла нота во ладната бања и vintage чувство во просторот. Исто така, ова е одличен начин да внесете боја во неутрална бања.

Кади – иако туш-кабините се попрактични, 2020-та година речиси сите работевме од дома и ја немавме таа потреба за брзање како претходно. Токму затоа, хедонистичките кади полека влегуваат во нашите домови.

Author: maja.avramcevska