12
Feb

Како да ја направите Вашата спална соба романтична според Вашиот стил на декорирање

[stm_post_info]

Вашата спална соба може да биде романтична и без класичните елементи како латици од роза или сатенски чаршави. Всушност, Вашата соба може да ја направите романтична со додавање на неколку детали кои ќе ја направат таква атмосферата, а сепак да се придржите до Вашиот стил на декорирање.

За минималистите

Доколку сте минималист во душа, нашите архитекти советуваат да внесете топлина. Дали има нешто поромантично од тоа да седите двајцата под исто ќебе во студена зимска вечер, а се околку Вас да потсетува на топлина? А, тоа ќе го постигнете со употреба на разни текстили. Не се ограничувајте – на пример, употребете доза кадифе на Вашите декоративни перничиња. Чувството на интимност може да го постигнете и со употреба на земјени тонови како теракота, светло розева или камен сива. Или, доколку се чувствувате храбро, декорирајте со темни тонови, кои ќе направат да се чувствувате ,,затворено’’ заедно со Вашиот сакан.

За максималистите

Максимализмот значи неограничена употреба на бои, дезени и декоративни предмети. Боите не мора да бидат црвени, но можете да поставите нежно виолетова кадифена постелнина и перници. А, може да ставите и кадифени завеси во истата боја за да се заокружи изгледот на собата.
Не заборавајте да се послужите и со декоративни елементи, како апстрактни актови, фигуративни скулптури и вазни. 

За традиционалистите

Симетријата е вкоренета во традиционалното уредување, па тука секогаш треба да декорирате во парови. На пример, два стола, две декоративни птици. Тоновите нека бидат потопли и измешани со студени тонови – зеленото искомбинирајте го со нежно розева боја, со темно сини детали за баланс. Не ги заборавајте и прозорците – за вистинско чувство на интимност ставете драперија.

За бохо љубителите

Бохо уредувањето се врти околу богати текстури и динамични бои кои, комбинирани заедно, даваат опуштено чувство. А тоа е идеална позадина да инсталирате романтична атмосфера во вашата спална соба. Тука може да додадете тенки памучни ќебиња, крзнени парчиња и бушави перничиња. Не заборавајте и на зелени растенија – нека висат од таванот, ставете и на масичката, па и на ѕидот.

За сканди љубителите 

Тука може да го искористите концептот hygge кој гарантира романса во целата своја убавина. Оваа данска практика дозволува внесување доза на комфор и топлина во скандинавскиот минималистички стил. Додадете крупно плетени ќебиња, перници од вештачко крзно или кадифе. И осветлувањето игра клучна улога во создавање на романтична атмосфера. Ставете божури или гранчиња од еукалиптус до креветот за да додадете и природен елемент во собата. 

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]