Блог

Шетајќи се низ градските улици, сигурно сте ги забележале новите згради. И честопати сте прокоментирале дека доколку подолго време не поминете по некоја улица, не можете да ја препознаете бидејќи е модернизирана со новите згради. Па, зошто и Вие не би го искористите овој градежен бум?

Честопати дилемата е меѓу купување стан, живеењето под кирија или со родителите. Но, има одредени бенефити во тоа да сте сопственици на имот и да инвестирате во недвижнини.

Еве неколку од нив:

  • Сега е вистинско време да инвестирате во недвижнини – според Градежната комора на Македонија цената на метар квадратен расте поради забавената изградба на нови станови и зголемените трошоци во градежништвото. А, кон тоа придонесоа и мораториумите за градба во општина Центар (иако се укинати). Овој ценовен пораст е забележан и од НБРСМ.
  • Вложувањето во недвижнини е еден од најсигурните начини да се зачува вредноста на парите – инвестирањето во недвижен имот на добра локација, во квалитетно изграден објект со добар план и распоред е највредна опција за вложување во земјава. Купената недвижност е најцврстата валута во секое време. Капиталот преточен во недвижности на долг рок ја зголемува својата вредност дури и создава исплатлив поврат на инвестицијата.
  • Изнајмувањето е во пораст – доколку имате Ваше живеалиште, а сакате да инвестирате, најдобра опција е стан. Сè повеќе се бараат станови за изнајмување, а цената за изнајмување по квардрат се зголемува.
  • Нема ништо поубаво од тоа да имате свој дом – многумина тврдат дека нема ништо поубаво од тоа да го изградите Вашиот живот во свој дом. Од самиот почеток на барање на идеален простор до уредување на истиот по Ваша желба – овој процес има посебна магија. Доколку сте под кирија, живеењето има многу рестрикции. Не можете да реновирате или да го прилагодите домот по Ваши потреби, да имате мебел и апарати по Ваша желба (а, доколку имате и се случи да треба да се преселите во друг простор, многу е потешко тоа да го направите со такви габаритни предмети).

Вредноста на Вашиот стан директно зависи и од квалитетот на градбата – а кон тоа се стреми и Elena Luka Home. Квалитетното домување е наш приоритет, нашето искуство и долгогодишна традиција ни помагаат секој пат да сме подобри.

Нашите искусни агенти ќе Ви помогнат да го одберете Вашето совршено парче имот. За почеток Ви предлагаме да го разгледате е-каталогот за нашиот најнов објект Futura во Кисела Вода ТУКА.
Потоа може да не’ исконтактирате на 071415094, 023103816 или contact@elenalukahome.com, а нашите агенти ќе Ви ги одговорат сите Ваши прашања поврзани со нашите недвижности.

Author: maja.avramcevska